Наместо муљ кој ја загадува околината, квалитетно ѓубриво

Од Муљот од прочистелните станици ќе се добива калитетно ѓубриво.

 |  Маленкова Татјана  | 
mulj
муљ

Проектот кој пред неколку години го започна раководството на Р.Е Колектор  е во завршна фаза и дава одлични резултати.

„ Може отпадот од пречистување на отпадните води да биде ресурс за одредени производи. Ова ни отвори muljмногу интересни врати и за време на тие испитувања кои ги направивме во многу институти и надвор каде се обративме да ги утврдиме нашите резултати дојдовме до констатација дека отпадната муљ како тежок ризичен отпад за околината дојдовме до констатација дека со многу ефтина инвестиција и технолошки капацитет лесно за изградба и доизградба во делот на прочистителната станица да се пастеризира поточно да не биде толку штетен“, вели раководителот на Р.Е Колектор Струга, Ваит Ајро.

Раководителот на Р.Е Колектор додава дека домашните и странските експерти кои работеле на проектот не се задоволиле само со тоа што муљот, повеќе нема да биде штетен за околината.  Дополнителните нивни ангажмани овозможиле од овој отпад да се добие квалитетно ѓубриво.

„Ние отидовме чекор понапред и тоа со компостирање, поточно со додавање на други елементи-отпади, конкеретно отпадот што излегува во термоцентралите дојдовме до констатација дека самото компостирање Vait Ajroсо одредени компоненети добиваме мноу квалитетен производ за агрокултурата  поточно за земјоделството“, додава Ајро.

Дознаваме дека испитувањата во тутунскиот комбинат во Прилеп и во институтот во Струмица покажале дека доколку на собраниот муљ со компостирање на неколку производи што порано биле отпади, се добива квалитетен производ, поточно органско комбинирано ѓубриво,  кое не само што ќе ги замени другите, туку за брзо време ќе стане и неспоредливо според квалитетот и резултатите кои ќе ги даде.
Овој пронајдок кој најверојатно ќе се патентира во Македонија, со цел да се заштити како домашен производ , повеќе од јасно покажува дека на нашиот пазар повеќе нема да има потреба да се увезува органско комбинирано ѓубриво. „Веруваме дека овој наш патент ќе има и меѓународен интерес затоа што веруваме дека во останатите развиени земји кои го имаат истиов проблем, решението ќе го бараат кај нас“, вели Ајро.  
Директорот на Р.Е Колектор додава дека во моментов во изградба е прототип на ваква станица, која ќе им биде показател на сите изградени станици во Македнија како да ја употребуваат технологија, која ќе им носи профит.

Ајро открива дека решението кое го откриле ќе им го понудат и во Поградец, со цел да се заштити езерото, а со тоа да добиме поквалитетна средина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top