Ознака: кои

precka

Архитектнонските бариери, проблем број еден за лицата со инвалидитет

Post Views: 2 Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски....

Continue reading

ulica

Се гради, се асфалтира, се поправа

Post Views: 11 70 километри асвалтна мрежа, 40 километри канализациона мрежа, 15 километри водоводна мрежа како и голем број поплочени тротоари, се податоците со кои се пофали Локалната кога станува збор за инфраструктурните зафати кои ги прави низ градов. Граѓаните се сведоци дека во последно време многу интензивно се работи па и оние улици и населби кои години наназад немаа канализациона и водоводна мрежа, ниту пак асвалт, а граѓаните живееа како во 19-ти век, сега влегоа во 21ви. Но, дел од нив се прашуваат дали тоа е затоа што се ближат избори и се потребни гласови.Од секторот...

Continue reading

mladi sindikati

Младите германци невработени како врсниците од Македонија

Post Views: 2 Помалку работни часови, повеќе време со своите семејства, поголема плата, поголема можност за професионално усовршување. Сигурно ви звучи познато. Ова е веројатно сонот со кој секој млад македонец го започнува своето стручно образование. Но овие неколку убави желби не се само наши, туку се желби на сите млади насекаде низ светот. А светот во обидите да стигне до достоинствена работа, најпрво морал да се бори за своите работнички права. За прв пат, организирано и македонската младина се приклучува кон таа мисија, го одбележа, Светскиот ден на достоинствена работа, 7ми...

Continue reading

Sase

Занаетчиите може да здивнат

Post Views: 5 40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски  олеснувања. Сега имаат можност  од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески,  претседател на регионалната комора.   „ Најолеснителен  дел е пакетoт услуги од 200  денари месечно за книговодствените услуги и 150  денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале  1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка....

Continue reading

memorandum na sorabotka

Градоначалникот и СОНК потпишаа меморандум

Post Views: 12 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на  СОНК – Регионален одбор – Охрид,  Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка.  Според меморандумот, Општина Охрид  ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор  на СОНК од  Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог  и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност. „Во однос на патните трошоци...

Continue reading

korca

Охридско-преспанскиот регион, под заштита

Post Views: 0 Вчера во Корча Р. Албанија е потпишана декларација за прогласување на биосферен резерват на подрачјето на охридско-преспанскиот регион. Градоначалниците на општините од пограничниот регион на Македонија и Албанија, ја поздравуваат оваа иницијатива. Нивниот став воглавно е идентичен, дека покрај тоа што ќе се заштитат природните убавини на регионот, голем ќе биде бенефитот за туризмот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека со потпишувањето на договорот презеле обврски кои во иднина треба да ги исполнат. „Заштитата не се подразбира по мене  според стручните...

Continue reading

najavna shpica joklama

Охридска Јоклама-првата телевизиска утринска емисија во градов

Post Views: 10 Охридска јоклама-верувам дека сте го слушнале и употребиле овој термин и претходно, но почнувајќи од овој понеделник, тој ќе добие и едно друго значење. Токму ова е името на новиот производ на Телевизија ТВМ, кој за нецели два дена ќе започне да се емитува на нашата телевизија. Охридска јоклама официјално е првата телевизиска утринска емисија во градов, а за оние кои не знаат што значи тоа јоклама, мало појаснување  од водителот на оваа емисија, Крсте Голабовски. „Збор кој често го користат охриѓани. Инаку станува збор за турцизам, за турски збор што значи истражување,...

Continue reading

sportski igri

Одбележан светскиот ден на глувите лица

Post Views: 13 Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.  „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...

Continue reading

vmro dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Добро е што СДСМ се сети да прошета низ Охрид

Post Views: 5 „Добро е што СДСМ се сети да прошета низ Охрид за да можат граѓаните конечно да ги видат Охридските милионери кои се збогатија во овие 20 години власт на СДСМ преку криминал и корупција.“-се вели во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција наСДСМ на која пратеникот Митре Велјаноски го најави проектот „Отвори врата за иднината“. „СДСМ при нивниот проект нека им дадат објаснување на граѓаните за криминалот во Општина Охрид, за урбаната мафија, за зградите кои никнуваат на секој ќош а ги градат сомнителни фирми од Струга, за затворените фабрики Братство,...

Continue reading

sednica

Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот

Post Views: 1 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали  ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на  долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...

Continue reading

deca cas fizika

Со делови од Nintendo Wii направиле интерактивна бела табла

Post Views: 19 Децата се познати по тоа што умеат од ништо да направат нешто. На нивната огромна креативност навистина и нема граници. Ако се сомневате во тоа тогаш ви ги претставуваме учениците од основното училиште „Христо Узунов“. Тие, со сопствен труд, направиле интерактивна бела табла. Потребни им биле само делови од познатата играчка конзола Нинтендо Вии, лед диоди и голема доза на иновативност. Идејата ја добиле од на интернет, а ни објаснија дека тоа е онаа табла на која се прават визуелни презентации. „Интерактивната бела табла беше препознатлива по својата уникатност затоа...

Continue reading

cistenje

Сцената зад света Софија која наликуваше на онаа од приказната со заспаната убавица, веќе ја нема

Post Views: 5   Се подготвува ново пријатно катче за охриѓани и гостите. ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работи на расчистување на просторот позади црквата Св. Софија. Овој дел од градот кој со години беше обраснат со бршлен и грмушки сега ќе биде добро уреден парк со осмислени содржини. Ќе има клупи каде ќе се одмараат намерниците, рефлектори и канделабри за осветлување на просторот во кој ќе има патеки од трева и декоративни грмушки кои ќе се наводнуваат со прскалки. Ова место ќе биде собиралиште и на децата. Во моментов во паркот се поставуваат инсталациите за струја и вода....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top