Post Views: 7
Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе туристи во однос на истиот период од минатата година. Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.
„ Домашните гости оствариле 171 .740 ноќевање,...
Post Views: 8
Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем. Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен. Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец јули годинава.
„Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку...
Post Views: 6
Во околината на Охрид , поединци и фирми , домашни и странски, ќе можат да подигаат маслинарници, овоштарници, оранжерии, рибници, спортско рекреативни терени и да развиваат рурален туризам. Во тек е огласот на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавање под закуп на 5600 хектари државно земјоделски површини, а меѓу нив се и парцели во три охридски села. Според огласот, земјоделски површини ќе се издаваат: 2 во Свиништа една од 2800 м2, а другата од 4036 м2, парцела од 1378 м2 во Ботун и до 3000 м2 во Скребатно.
Од подрачната едница...
Post Views: 7
Не е доволно само да се поседува културното и природното наследство. За негово вистинско зачувување, мора да се има стратегија за развој и управување со истото. Ова е една од препораките кои произлегоа од обуката за планови за управување со културното наследство. Обуката е дел од СУСТКУЛТ проектот за достигнувње на одржливост преку интегриран пристап на управување со културното наследство.
„Ова е план кој не служи само за заштита, туку и за развој на местото, за иднината на ова место. Тоа е исто така план кој мора да објасни какви бенефиции градовите и населението...
Post Views: 1
Деновиве охриѓани, но и сите граѓани во републикава, како гром од ведро небо ги погоди еден несекојдневен проблем. Спротивно на законот за радиодифузна дејност, на нивните адреси наместо една сметка по домаќинство, ги дочекаа две, три или повеќе сметки за радиодифузна такса, буквално за сите членови во семејството. Едно охридско семејство со кое разговаравме ни кажа дека дури подготвуваат и претставка до Уставниот суд на Македонија.
За среќа и на охриѓани, и на сите граѓани на државава, по увидената состојба, со соопштение се произнесе и корисникот на средствата од...
Post Views: 5
ОУ „Братство Единство“ се подготвува за апликација за најголемата еколошка награда „Зелено знаме“, кое ја доделува ЗГ „Охо“,. Од 2009 година ова училиште е дел од школите кои се членови во мрежата на еко училишта. Учениците од трите наставни јазици, македонски, албански и турски, еколошки се едуцираат и учат како да шетадат вода и енергија, но и како здраво да се хранат, раскажува Професорот по одделенска настава, координатор на еко проектот, Јулијана Алексиоска. Континуираната работа и успешно реалираниет проеки во измативе 4 години ни дозволуваат да аплицираме...
Post Views: 10
факултетот за туризам и угостителство преку проект на владата на Р Македнија доби лабараторија во вредност од 2.2 милиони денари. Ова е една од 190 те лаборатории со кој ќе се обезбеди неоходната техничка инфраструктура, која овозможува поврзување од точка до точка.
Дел од опремата е инсталиран во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а другиот дел во просториите на дисперзираните студии во Велес. Од факултетот откриваат дека лабараторијата за учење на далечина подолго време ја посакувале.
„Аплициравме на огласот за опремување на лабараторија...
Post Views: 5
Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.
Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку...
Post Views: 2
На денешната седница (18.10.2012) на Собранието на Република Македонија беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за експропријација поднесени од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска.
Овие измени се суштински значајни за подобрување на процесот на експропријација што ќе овозможи реализација на голем број проекти. Имено, со предлогот на пратениците Николоски и Затуроска, предвидено е објектите од прва категорија предвидени со соодветните детални урбанистички планови, како што се хидроцентрали, термоцентрали, патишта, водоводи, канализациони...
Post Views: 9
Локалната самоуправа си ги сака паркинзите назад. Ќе се раскинува договорот помеѓу ЈП Билјанини Извори и концесионерот “Сузуки“. Предлог одлуката за раскинување на договорот пред советниците ќе се најде на следната седница на совет. Ова за ТВМ го потврдија од локалната самоуправа. Во отсуство на градоначалникот кој е на службено патување, портпаролот Симон Илиевски објасни кои се следни чекори на локалната.
„Локалната самоуправа како сопственик најверојатно на следната седница ќе донесе нова одлука за расинување на договорите за одреден дел на паркинзи, а понатаму...
Post Views: 6
110 учесници од Европа и светот, меѓу кои 30 Експерти за дрога во Охрид на третата меѓународна конференција на експерти за дрога. Тема на конференцијата е „изнаоѓање на нови методи на работа на криминалните организации и утврдување на структурите на овие криминални организации“. Сознанијата од конференцијата треба да помогнат во изготвување на квалитетна стратегија за борба против дрогата.
Меѓу учесниците на конференцијата во Охрид е агент на ДЕА(агенција за борба против дрога при Стејт Департментот) кој во оваа област работи четири години, а од овие собири е...
Post Views: 4
Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески.
Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф,...