Охрид домаќин меѓународна конференција на експерти за дрога

Европски и светски експерти во Охрид, дел од меѓународна конференција за дрога.

 |  Маленкова Татјана  | 
droga, konferencija Ohrid
дрога, конференција Охрид

110 учесници од Европа и светот,  меѓу кои 30 Експерти за дрога во Охрид на третата меѓународна  конференција на експерти за дрога.   Тема на конференцијата е „изнаоѓање на  нови методи на работа на криминалните организации и утврдување на структурите на овие криминални организации“. Сознанијата од конференцијата треба да помогнат во изготвување на квалитетна стратегија за борба против дрогата.

Меѓу учесниците на конференцијата во Охрид е агент на ДЕА(агенција за борба против дрога при Стејт droga, konferencija Ohrid Департментот) кој во оваа област работи четири години,  а од овие собири е дел во последниве три години.

„Добра идеја е да се зацврстуваат нашите врски во оваа област и како резултат на оваа конференциј имавме навистина успешно реализирани случаи во измнативе три години. Имавме случаи кои се реализираа во соработка помеѓу македнија и грција како пример кога се запленаа 72 килограни хероин и годинава имаше два случаи реализирани во соработка на македнија и Грција кога беше запленет околу 65 килограми хероин. Се радувам на апсењето на многу трговци кои се резултат на овие конференции“, вели агентот на ДЕА.

Денеска експертите разговараа за двете големите нарко  криминални групи од различни етнички состави едните со Македонско потекло а другите од албанско.  „Тие се различни по својата структура, по начинот на делување и регрутирање на своите учесници  и се разликуваат дијаметрално едни од други“, вели директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.

„Резултатите кои ги постигнуваат се идентични и едните и другите се инволвирани во криминалните droga, konferencija Ohridподземја на европските земји, а посебно во Австрија и Германија. За тоа веќе имаме постигнато обработки со овие полиции и досега веќе имаме направено неколку реализации од кои едната беше „Диригент“ во која беа фатени повеќе организатори во Македонија, Виена и Франкфурт“, вели д-р. Љупчо Тодоровски – директор на  бирото за јавна безбедност.

Тодороски открива дека Македонското биро им помага на своите колеги, затоа што ние најдобро го знаеме менталитетот на  деликвентите кои потекнуваат од Македонија  и полесно влегуваме во нивната организациона структура, за разлика од другите кои тешко наоѓаат информатори и соработници.    

„Собирот на експертите за дрога, треба да прати јасен сигнал за подготвеност за борба против дрога и за засилување на соработката со земјите кои не опкружуваат и со меѓународните организации кои се занимаваат со проблемот на дрога“, вели  проф. Сланчомил Велјанов – претседател на македонската асоцијација на криминолози.

„Очекуваме дека на оваа конференција ќе се дадат вредни идеи, ќе се разменат искуства кои ќе бидат во корист на подобрување на разбирањето на феноменот Дрога или да се одговорни на едно основно прашање, а тоа е дали нарко криминалот кој веќе се интензивира на ова балканско подрачје е резултат на мината нестабилност или на се поголемата организираност на нарко групите на овој регион“, вели проф. Сланчомил Велјанов, претседател на македонската асоцијација на криминолози.

Конференцијата која на едно место го собра сите експрти кои работат на разбување на наркогрупите треба да даде одговор дали станува збор за јакнење на организираните нарко групи дали е тоа една хиерарскиска посавеност која продолжува да се разгранува во меѓународна свера или пак ќе останеме на она што досега го имаме како евиднеции,  дека тоа се нарко групи кои се затворени во национална рамка.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top