Post Views: 3
Локалната самоуправа ги одреди локациите на кои политичките партии односно кандидатите за градоначалници и членови на советот ќе можат бесплатно да се рекламираат. Одредувањето на овие локации е обврска на секоја локална самоуправа согласно Изборниот законик. Општина Охрид за оваа намена ги определи истите локации кои за оваа намена се употребуваа и во минатите изборни циклуси.
Станува збор за три локации, и тоа просторот пред гимназијата „Свети Климент Охридски“, бетонските огради кај полигонот за мали спортови, како и лимените огради кои што се поставени околу хотелот...
Post Views: 3
Сашо Алче, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,, кој пред три дена на конвенцијата на опозицијата во Куманово беше нападнат и прободен со нож, проговори за инцидентот. Се опоравувам од нападот кој за среќа не ми ги загрози виталните функции, вели Алче. Тој во интерес на истрагата не го открива идентитетот на сторителите. Само нагласува дека станува збор за лица вработени во Министерството за внатрешни работи. За написите во некои медиуми дека напаѓачите биле членови на СДСМ, како и за мотивот на нападот , Алче категорично изјавува. „ Јас не можам да потврдам или демнатирам...
Post Views: 1
Малите и средни претпријатија поимуни на ударите на светската економска криза. Вака говори германската пракса. Занаетчиството во Германија, воглавно предводено токму од мали и средни претпријатија, според економските експерти е многу малку погодено од негативните влијанија на светската економска криза. Еве и зошто.
„Посебно погодени области всушност беа експортно ориентираните претпријатија. Наспроти тоа, занаетчиството кое што е повеќе ориентирано кон економијата во самата земја, се покажа како мошне резистентно. Токму од таа причина, Германската економија всушност...
Post Views: 4
Изумираат бројни ритуали поврзани со свaдбарските обичаи кај муслиманите од овие простори. Скоро и да ги нема бричењето на зетот, каносувањето на невестата, играта филџан или подарокот накитен овен, како дел од адетите кај муслиманите во Октиси. Многу од ритуалите кои се практикувале со векови денес скоро и да не постојат. Глобализацијата и новото време ги збришаа некогашните обреди и кај муслиманите. За да не паднат во заборав некогашните верски обичаи поврзани со свршувачките и свадбите кај муслиманите од Октиси, ги запиша во книга октишанецот, Абас Цаноски. Свадбите...
Post Views: 1
Каква храна консумираат децата додека се на училиште? Ова е прашање кое го допира секој родител. Одамна веќе по училиштата не функционираат оние класични кујни, со готвачки и убаво подготвено мени кои се дел од самото училиште.
Наместо тоа, сега храната за вашите деца ја подготвуваат приватни фирми кои само географски се поврзани со училиштето за кое готват. Основното училиште Свети Климент Охридски е едно од училиштата каде што функционира ваква кујна. Тие велат дека се трудат храната за децата да биде свежо подготвена, а и во во неа да доминираат овошјето и зеленчукот.
Директорката...
Post Views: 6
Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори. Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија...
Post Views: 11
Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации. Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и ученици.
Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според кои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани ...
Post Views: 9
Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица.
Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки.
Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа...
Post Views: 2
Одливот на македонските „мозоци“ во странство не запира. Еден од нив е научникот, охриѓанецот Стевчо Стефаноски. Стефаноски е доктор по физички науки и веќе 6 години својата научно-истражувачка дејност ја развива на Универзитетот на Јужна Каролина во САД. Во 2005 година дипломирал на Природно математичкиот факултет во Скопје, отсек физика, како најдобар студент, а во 2007 заминува во САД. Таму магистрира и докторира на областа термоелектрични материјали. Стефаноски потврдува дека покрај него во Сад има многу македонски научници кои својата истаржувачка дејност ја продолжуваат...
Post Views: 3
Дури ни австриските замрзнати висечки карпи не се недостижни. Охриѓанецот Димитри Димитров од алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид е доказ за тоа. Тој, заедно со своите колеги алпинисти, Крунослав Аџиовски и Виктор Трпевски од алпинистичкиот клуб „Матка“ од Скопје успешно завршија петдневна качувачка мисија во снежната и студена Австрија. Се качувале во различни насоки со различни тежини.
„Секој од тие пет дена си е тежок затоа што мора и припремата и изборот на самата насока, качувањето, отстапувањето тоа е на начин како што гледате во филмовите, има спуштање по...
Post Views: 1
Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“ сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак се скептични кон квалитетот и голем број од нив кои го конзумираа...
Post Views: 3
Охриѓани повторно добиваат градски превоз. Локалната самоуправа вакво нешто најави уште минатата година, кога всушност беше извршено и бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот. Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје.
Се чини наскоро и нивната, и желбата на сите граѓани, ќе биде остварена.
„Постапката веќе е завршена комплетно. Имаме двајца оператори кои ќе работат, кои ќе возат. Едниот е Галеб, а другата...