Одливот на „мозоци“ во странство не запира

Одливот на македонските „мозоци“ во странство не запира.

 |  Валентина Неловска  | 
d-r Stevce
d-r Stevce

Одливот на македонските „мозоци“ во странство не запира. Еден од нив е научникот, охриѓанецот Стевчо Стефаноски. Стефаноски е доктор по физички науки и веќе 6 години својата научно-истражувачка дејност ја развива на Универзитетот на Јужна Каролина во САД. Во 2005 година дипломирал на Природно математичкиот факултет во Скопје, отсек физика, како најдобар студент, а во 2007 заминува во САД. Таму  магистрира и докторира на областа термоелектрични материјали. Стефаноски потврдува дека покрај него во Сад има многу македонски научници кои својата истаржувачка дејност ја продолжуваат надвор од својата земја. Младиот научник зборува отворено зошто се случува одливот на мозоци.  
d-r Stevce
„ Одливот се случува затоа што нема услови за одвивање на високо научна дејност. Во природните науки  нема услови за експериментална научна работа. Втор фактор е финансискиот, тесно поврзан со првиот. За постоење на експериментално научна дејност и за теоретска потребни се финансии. Но, и фондови кои ќе овозможат креирање на научни лаборатории, вработување  на постдипломски студии и водење на научна програма и научни дејности“.   

 Стефаноски како млад научник, вели дека има желба сето знаење кое што го стекнал тука и во странство да го реализира дома. Она што го правам  таму и за кое сум успешен би бил пресреќен да го пренесам под знамето на мојата земја, кажува Стефаноски. Додава сепак за тоа мора да се створат услови да има логистика и поддршка. Верува дека ќе се создадат услови за научно-истражувачка работа и кај нас. Oптимист е дека сепак ќе се створат услови за  научната работа и ќе запре одливот на македонските мозоци.  
 
На почетокот од идниот месец Стефаноски ќе биде дел од истражувачкиот тим на престижниот Карнеги институт во Вашингтон. Неговата научна истражувачка работа ќе биде синтеза и карактеризација на термоелектричните  материјали кои електричната енергија ја претвораат во топлинска, а ќе работи и на испитување на карбонските  материјали.

{loadposition content9}
   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top