Post Views: 17
Охридското Езеро се најде во луксузниот прирачник за имплементација на светската конвенција за прекугранични води. Со тоа му се дава посебно значење на Охрид од страна на Светската заедница која што е концентрирана на управувањето со прекуграничните води. Според Дејан Паноски од Билатералниот Секретаријат Светската заедница дава до знаење дека е сензибилизирана и знае што се случува со охридско – преспанскиот регион, а воедно ги знае и потребите за заштита на квалитетот на водата и заштита на целиот слив на овој регион. Додава дека проблемите околу заштитата на Охридското...
Post Views: 7
Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата.
Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта.
„Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие села,...
Post Views: 5
Интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, Охрид. Директорот на Св Еразмо, Митко Тилев, вели дека зградата на постоечката карабина веќе се адаптира за тоа.
„Моментално ќе се направи карабинскиот дел кој ќе се отстапи спрема плановите на Министерството за здравство на Кардиолошкиот Завод каде што ќе се работи инвазивната кардиологија а со тек на време и рехабилитацијата на пациентите ќе се води во нашата болница. Тоа ќе биде заеднички центар...
Post Views: 1
Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи во јуни полагаат матура. Учениците за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија.
Се започна...
Post Views: 0
Охриѓанките кои очекуваат принова но и оние кои планираат проширување на семејството, покажале голема заинтересираност за бесплатниот курс на Црвениот крст за правилна грижа за новороденчињата. Ваков курс Црвениот крст организирал и пред три години, но велат дека курсот кој што сега го нудат е проширен и опфаќа повеќе области, а не само делот за правилно доење и правилна исхрана кај децата.
„Овој пат го прошируваме, акцентот го ставаме повеќе на мајките и тоа како треба да се подготвуваат за време на нивната бременост. Понатаму сите оние фази кои што следуваат во бременоста,...
Post Views: 6
НИСКОГРАДБА Охрид готви акционен план за враќање на долговите на претпријатието. Првиот човек на ЈП Сашо Донев обелоденува дека долгот на претпријатието е над 70 милиони денари што според него е голема сума на пари направена за краток временски период. Донев категоричен дека без финансиска инекција од Локалната самоуправа, претпријатието тешко дека може да застане на сопствени нозе, односно дека во моментов политиката на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески работи во интерес на сите ЈП од градов, вклучувајќи го и ЈП НИСКОГРАДБА.
„Ова ЈП доцни...
Post Views: 3
За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата.
„ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...
Post Views: 1
Екипите на Црвениот Крст од Охрид за време на големиот верски празник Богојавление – Водици, ќе бидат присутни и на копно и во вода. При крај се подготовките за празникот и фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро. Утре 19 јануари уште од 7 часот изутрина, 8 тима на спасители на вода , нуркачи и активисти на Црвениот Крст, медицински екипи за укажување на прва помош на седум пунктови, ќе бидат на готовс од моментот на фрлање на крстот па се додека не излезе и последниот скокач. Претседателот Сашо Точков укажа на што треба годинава скокачите по светиот...
Post Views: 17
Островот што беше мистерија за човештвото повеќе илјадници години и никој не ја знаеше неговата точна локација по легендарното „исчезнување“ е откриен. Тоа е тврдењето на тимот американски археолози кои објавија дека го пронашле „загубениот“ остров Атлантида во јужна Шпанија. Професорот Ричард Фреуд, од Универзитетот „Хартфорд“ во Конектикат, тврди дека легендарниот остров исчезнал по силно цунами што го збришало од лицето на Земјата. За да ја лоцираат местоположбата на Атлантида тимот користел сателитски фотографии и комбинација на радари наменети за големи длабочини,...
Post Views: 6
Пред големиот верски празник Богојавление-Водици, екипи од охридските јавни претпријатија со несмалено темпо деновиве работат на градењето на малиот плоштад каде порано се наоѓаше објектот на градската библиотека. Екипите вршат поставување на плочки од квалитетен камен со кои се обележуваат зраците од сонцето што треба да го красат подот. Поставена е и електричната инсталација за подното светло и канделабрите како и клупи за одмор. Според планираното ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови.
Уредувањето...
Post Views: 1
Најголемите проекти за Охрид се направени во времето на Љупчо Георгиески, односно од 1998 год до 2002 год, изјави Ванчо Костоски претседателот на ВМРО – НП. Со тоа сакаме да ги потсетиме членовите на ВМРО – ДПМНЕ дека не сме безидејни, патетични како што не нарекуваат, туку како се сака Охрид, додава Костоски. Претседателот спомна дел од капиталните проекти кои ги реализирале.
„Плаошник, кој што самите знаете какво место беше пред да се изгради, тој е центарот на словенската култура и корените на нашите потомци. Античкиот театар сами знаете во кава состојба беше до...
Post Views: 4
Антички театар и Долни Сарај пред почетокот на манифестацијата Охридско лето ќе добијат покрив. Фестивалот оваа сезона ќе добие покриени летни сцени на кои ќе се изведуваат музички и балетски претстави, информира директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.„ Проектите се изготвени, тендерските постапки се спроведени. Избрана е фирма и почната е изработката на тие покривни конструкции кои ќе бидат монтирани на две сцени. Со оглед на тоа што работата е започната, до месец мај проектите ќе бидат реализирани оваа година. Денес излезе програмата...