Ознака: кои

grom

Настоски: Дејствувајте за доброто на сите

Post Views: 2 Задоволни сме од досегашните резултати, и очекуваме да бидеме уште подобри, истакна носителот на листата на ИЕ 5 за коалицијата ГРОМ, Љупчо Настоски. Тој нагласи дека повеќето од граѓаните низ Македонија а посебно охриѓани, кои ја прочитале програмата на ГРОМ, наишле на решение за проблемите со кои се соочуваме во македонското секојдневие. Под мотото „Храбри луѓе, сложна земја“, настапуваме со изборна програма која се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања, нагласи Настоски. „Градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот...

Continue reading

Ohrid

Охридските хотели полупразни за Велигденските празници

Post Views: 1 На охридската ривиера за Велигденските празници престојуваат туристи од соседните земји. Најбројни се бугарите, грците и турците, но охридските хотели останаа со  полупразни сместувачки капацитети. Снегот среде  април  и студеното време  ги натера странските гости да ги откажат Велигденските аранжмани. Туристичките рботници се соочуваат со откажување на аранжамани.    По се изгледа временските услови ќе придонесат охридските хотелиери да останат со куси ракави. Многу мал е бројот на хотелите чии капацитети се целосно исполенети со гости. Од  хотел Милениум информираат...

Continue reading

grobista

Се средуваат градските гробишта во Охрид

Post Views: 19 Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“,  ги привршува активностите за средување на гробиштата. Деновиве беа зголемени активности на претпријатието кои опфаќаат одржување на јавната чистота, метење на улиците и патеките низ гробиштата, партерно и хортикултурно доуредување на одделни делови, метење и собирање отпад околу секое гробно место. Извршено е комплетно прскање со хербицид на оние места каде не се предвидени зелени површини. Засадени се 2 000 садници сезонско цвеќе, 300 садници...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите и општина Охрид потпишаа Меморандум за соработка

Post Views: 16 Охридските пензионери  и Локалната самоуправа потпишаа меморандум за соработка. Листата на потреби и барања на пензионерите од Охрид и Дебрца е долга. Има голем број прашања кои треба да се решаваат  за да се подбри живеачката на оваа категорија граѓани. На тоа треба да се работи заедно со општествената заедница, вели претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески. Меѓу горливите прашања едно од  најприоритените кое се надеваат да се реши е  изградба на пензионерски дом. Пензионерите покажуваат голем интерес кога ќе биде изгрдеба една ваква институција, вели Трпчески....

Continue reading

IKEA 2011

Ѕирнете во IKEA 2011

Post Views: 6 Ингвар Кампрад можеби е име што не ви звучи познато, но компанијата што ја основа сигурно ќе ви звучи и повеќе од познато. „Икеа“ е најпознатата светска компанија за продажба на мебел и на производи за домот, со преку 90.000 вработени, 200 продавници и со годишни приходи од десет милијарди. Всушност, по Библијата, годишниот каталог на „Икеа“ е најшироко распространета публикација во светот. ИКЕА во својата колекција за пролет/лето 2011 предлага голем број новитети кои инспирираат да влезете во нова авантура, со што ќе можете да уживате во времето поминато во својот...

Continue reading

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во училиштето Григор Прличев

Post Views: 0 По повод претстојните Велигденски празници во  О.У. „Григор Прличев“ се одржуваат низа активности поврзани за овој голем христијански празник. Меѓу многуте збиднувања беше и денешниот  Велигденски хепенинг како и Велигденската работилница на која активно учествуваа учениците. На штандовите во училишниот двор можеа да се видат најразлично изработени украси, предмети, сувенири, кои го симболизираат овој празник. Децата задоволни од сработеното. „Јас ништо не направив, ама купив нешто од мојата другарка, јајца на еден лист со секакви лепенки, вели една од ученичките. Другата...

Continue reading

logo

ВМРО-НП:„Екстерното оценување, тотално непотребен квази проект“

Post Views: 3 Ванчо Костоски кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-Народна, на денешната прес конференција потенцираше дека денес во образованието  просветните работници најголем дел од своето време го минуваат во извршување на наметнатите административни оврски. Костоски се осврна и на како што кажа, притисокот кој просветните инспектори го вршат врз директорите на средните и на основните училишта и професорите како и на енормно високите казни во образованието за неизвршување на тие административни обврски, казни кои се движат од 700-3000 евра, а за кои ВМРО НП ќе се залага да...

Continue reading

Научниците ја разоткриле тајната на старата народна поговорка

Post Views: 1 Научниците од Универзитетот во Мисури ја докажале старата народна поговорка – “што трезен мисли, пијан зборува”. Имено, резултатите од нивната студија потврдиле дека луѓето под дејство на алкохол се поискрени и дека поретко се повлекуваат од последиците на своите постапки. Испрашувале 67 лица кои ги поделиле во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата пласебо безалкохолен пијалок, пишува Daily Mail. Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографиите кои им ги покажале. Забележено е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако...

Continue reading

programa mladi

Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ презентираа дел од програмата за младите

Post Views: 5 Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, денес презентираа дел од програмата за наредниот период кој се однесува на младата популација. Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, рече дека програмата за 2014-2018та година која се однесува токму на младите е доста обемна и содржајна. Тој наброја и појасни дел од нив. Посебно се задржа на мерките за обезбедување на станови и куќи за млади брачни двојки, програмите за талентирани млади, подршка на земјоделски бизниси на младите земјоделци, поддршка за прво вработување како и акциските планови...

Continue reading

narodna

Заштитата на Охридското Езеро, приоритет на ВМРО НП

Post Views: 5 Заштитата на Охридското Езеро и ревитализацијата на Студеничишкото блато е можно само во време кога Македонија ќе го потпише Договорот за датум за челенство во Европската унија,рече кандидатот за пратеник, Владо Цветкоски на денешната пресс конференција на ВМРО НП .  Тој потсети дека во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер на Република Македонија се реализира проектот за заштита на Охридското Езеро во вреЗаштитата на Охридското Езеродност од 20 милиони Г. марки односно во вредност од 10 милиони Евра. Цветкоски ги обелодени нивните планови за решавање на проблемот...

Continue reading

sneg

Охрид под снег

Post Views: 10 Снег на средината од април. Е овој снег навистина не изненади. Граѓаните кои забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник-Велигден за кој вообичаено имаме убаво сончево време, изненадено велат дека  според времето надвор како да доаѓа Божик. Снегот што од синоќа паѓа во поголемиот дел од западна Македонија формира покривка која на повискоите места достигна и до 40 сантимети. Во Охрид снегот не се задржува, меѓутоа снежна покривка и до 15 сантиметри е забележана во околните села и на повисоките места. Охриѓани загрижени за сопственото здравје поради големите...

Continue reading

“Подводни громови” на англиските плажи

Post Views: 1 На плажата Penmon во англискиот Anglesey се фотографирани облаци со сина боја, но под вода. Ова не е компјутерски генерирана слика туку милоини биолуминисцентни фитопланктони. Станува збор за микростанични организми кои се способни да создадат и да емитираат светлина, а кои реагираат на промени во површинскиот слој на водата. Преку ден тие се дел од “црвената плима” која се појавува поради изненадувачиот раст на популацијата на фитопланктони на одредено место, а навечер ја менуваат бојата во фасцинантни сини тонови кои создаваат глетка како од научно фантастичните филмови. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top