Post Views: 6
Илјадници Унгарци протестираа во неделата поради најавениот данок на промет на интернетот кој, како што стравуваат, нема само да го подигне вкупното оданочување, туку ќе ги ограничи правата и слободите.
Владата на Виктор Орбан кои многумина ја обвинуваат за недемократски мерки, во вторникот го претстави новиот план на оданочување. Нацрт планот за оданочување предвидува давателите на услуги на интернет да плаќаат данок од 0,5 евра за 1 GB промет.
Собирањето на луѓето во неделата се организирало на Facebook каде групата брои повеќе од 210.000 фанови. Протестантите, а некои...
Post Views: 13
Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро.
Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...
Post Views: 5
Ако сакате да ги подобрите своите резултати во спортот или да го подобрите губењето на вишок калории, носете црвена боја. Оваа боја ги поттикнува мускулите и движењате да имаат повеќе сила, покажува истражувањето на американските психолози.Црвената боја ги интензивира телесните реакции бидејќи телото ја перцепира како знак за опасност.
Иако со себе носи гоолема делотворност и корист што се однесува на телесната состојба, како брзината или подобро користење на мускулите, црвената боја, исто така, може да остави трага на емоционалната состојба. Таа буди загриженост, дистракција...
Post Views: 15
Дали конечно ќе се најде решение за комуналниот проблем наречен улица „Абас Емин“ ? Оваа високофреквентна улица години наназад била дел од програмите на општина Охрид, но досега истата добиваше само крпење на ударните дупки и чести поправки на проблематичните канализациони мрежи. Вистинска и целосна реконструкција на истата, барем до овој момент на „Абас Емин“ се нема случено. Запрашавме дел од жителите на оваа улица што мислат за нејзината состојба и кои според нив се клучните и најважни проблеми со кои секојдневно се соочуваат.
„Треба да се направи улицава. Потребна...
Post Views: 5
Стрес тестот е спроведен во 123 банки во Европската унија, за да се види дали би можеле да издржат уште една финансиска криза. BBC пишува дека тој тест не го поминале 24 банки.
Банките сега имаат девет месеци да ги доведат во ред своите финансии или да ризикуваат затворање. Ревизијата се темели на финансиското здравје на банките на крајот од 2013 година.
Во меѓувреме, десет од 24-те наведени банки превземале мерки за подобрување на своите биланси. Преостанатите 14 банки се наоѓаат во еврозоната,а најголемата од нив која паднала на испитот е италијанската Monte dei Paschi...
Post Views: 1
Ќе добијат ли охриѓани конечно сообраќајна студија за режимот на одвивање на сообраќајот? Нацрт развојната програма за одржување и заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај за 2015та година ја содржи ставката за изработка на сообраќајна студија, но прашањето е дали истата конечно ќе се реализира. А изработка на студијата беше најавено и за минатата година, кога во рамките на општинскиот буџет беа предвидени и средства во висина од 1.5 милиони денари, но откако пропаднаа и двата јавни повици за фирми изработувачи на студијата, со ребалансот...
Post Views: 9
Најголемиот охридски автопревозник АД „Галеб“, после драстичниот пад на цента на нафтата на светските берзи, нема да ги корегира цените. Раководителот на сообраќај од ова претпријатие Димитар Василески нагласува дека охриѓани години наназад нивните услуги ги користат по најповолни цени, посебно за меѓуопштинскиот превоз.
„Ние своевремено ги намаливме цените во времето кога нафтата направи најголем ценовен скок и тие се симболични и во градскиот и во градско приграскиот сообраќај а цените во меѓуопштинскито сообраќај не се поскапени преку 6 години, така да цените се...
Post Views: 5
Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов.
Само за потсетување, минатата...
Post Views: 2
Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле...
Post Views: 0
На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC).
На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа.
На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...
Post Views: 6
Проблемот со недостатокот на полнолетни жени во наредните 50 години ќе биде еднакво голем како и климатските промени. Ова го тврдат демографите истакнувајќи дека токму овој фактор може да биде наредниот „повод“ за Трета Светска Војна. Според зборовите на Кристоф Гилмото, безбедноста во светот ќе ја загрозат агресивните ергени кои ќе се борат за – невести 🙂
Особено критични по ова прашање ќе бидат Индија и Кина, бидејќи таму родителите го бираат полот на детето при што често се одлучуваат на прекин на бременоста кога на свет треба да дојде девојче, пишува AFP.
Како...
Post Views: 5
Што го „пали“ вашиот љубовен партнер? Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.Астрологијата и страста
Лавот го возбудува помислата дека го забележувате и цените како личност. Погалете го неговиот/нејзиниот грб одозгора надолу и притоа со „љубовна нота“ шепнете му/и во уво некој комплимент. Верувајте, лавот нема да остане рамнодушен на убавите зборови.
Тајната за поминување една незаборавна романтична вечер со вашиот рак, е да направите да...