Третата Светска Војна ќе биде војна за жени

Проблемот со недостатокот на полнолетни жени во наредните 50 години ќе биде еднакво голем како и климатските промени.

 |   | 
women
women

Проблемот со недостатокот на полнолетни жени во наредните 50 години ќе биде еднакво голем како и климатските промени. Ова го тврдат демографите истакнувајќи дека токму овој фактор може да биде наредниот „повод“ за Трета Светска Војна. Според зборовите на Кристоф Гилмото, безбедноста во светот ќе ја загрозат агресивните ергени кои ќе се борат за – невести 🙂

Особено критични по ова прашање ќе бидат Индија и Кина, бидејќи таму родителите го бираат полот на детето при што често се одлучуваат на прекин на бременоста кога на свет треба да дојде девојче, пишува AFP.

Како природно се смета ако на секои 104 до 106 мажи се родат 100 жени. Секое отстапување од ова може да се објасни само под влијание на неприродни фактори. Според статистичките податоци од Индија и Виетнам, на 112 момчиња се раѓаат 100 девојки, а во Кина соодносот е 120:100 во корист на машките деца. Демографите предупредуваат дека овој тренд се шири и на јужниот Кафказ, а забележан е и во Србија и БиХ.

Според стручњаците, во светот денес недостигаат околу 160 милиони жени, како резултат на традиционалните погледи по кои „во фамилиите попосакувани се синовите“, намалената плодност и се поголемиот пристап до контрацептивни средства.

kimНекои експерти тврдат дека недостатокот на жени во одредени земји ќе доведе до ситуација во која една жена ќе биде во брак со повеќе мажи.

Политиколозите Валери Хадсон и Андреа ден Боер, пак, сметаат дека азиските држави со премногу мажи ќе претставуваат безбедносна закана за западните држави.

„Државите со несразмерност меѓу половите може да бидат водени само авторитативно со сузбивање на насилството „по дома“ и извоз на истото во странство, преку колонизација и војна“, велат тие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top