Post Views: 1
Јасна Христоска, Ристе Петрески, Димче Коруноски И Петар Боев се дел од групната изложба која тардиционано се организира по повод Св Климент, 8 декември патронатот на Охрид. Јасна слика од својата 13 година и ја открива нејзината страст кон фотографирањето.
Димче Коруноски за своето хоби, уметничката фотографија вели дека станува збор за голема љубов кон фотографијата. Инспирација му се убавините од нашето опкружување да ги пренесе преку објективот на фото апаратот. Тој изложува 5 слики со мотив зајдисонце.
Ристе Петрески следејќи ги стапките на својот постар брат...
Post Views: 0
Синоќа во полупразната сала Билјана во хотелот „Метропол“, во Охрид, се одржа Свечената академија по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Овој општествен настан кој претставува најсвечен чин за нашиот град, беше отворен со прекрасната изведба на државната химна од страна на хорот при ОСУ „Св Климент Охридски“. присутните со пригоден говор ги поздрави градоначалникот Александар Петрески. Тој потсети дека делото на Св Климент Охридски треба да е пред сите нас, а посебно неговите пораки, кои се клуч на распознавање. Традиционално на Свечената академија Комисијата...
Post Views: 18
Четириесет години научно-истражувачка и образовна дејност. Денес оваа виско образовна институција со гордост може да каже, дека е интегрален дел од една традиција, да делува во градот на УНЕСКО и градот на писменоста, рече деканот на факултетот Проф. Д-р Сашо Коруноски. Деканот Коруноски додаде дека извонредните кадри со кои творат во оваа институција се свесни за тоа дека мора да бидат достојни на оние чии наследници се.
„Развојот несекогаш е праволиниски. Има подобри времиња, некогаш полоши. Се трудиме секогаш да бидеме достојни на аманетот на Св.Климент и да продолжиме...
Post Views: 4
На градскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски застанаа еден до друг политичарите од локално и централно ниво. Но, ни духот на големиот заштитник на Охрид, светецот Св. Климент не им помагна да го смират антагонизмот што започна пред неколку дена со објавувањето на добитниците на наградата Св. Климент Охридски.Од ОК на Вмро Дпмне не отстапуваат од цврстиот став да ја бојкотираат наградата за животно дело 5 децении Фестивал Охридко лето.Атанаско Михаилов претседател на ОК Вмро Дпмнепотврди дека начинот на доделата и личностите кои ја добија наградата...
Post Views: 2
Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. По смртта на Свети Методиј на почетокот на 886 година, Свети Климент, Свети Наум и Свети Ангелариј доаѓаат во Охрид. Тука ја основа познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба.Свети Климент покрај црковната и педагошката дејност се занимавал и со преведување. „Панонски легенди“,познати како житијата...
Post Views: 1
Синоќа учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“ со свечената приредба, која мина во знакот на екологијата, ги заокружија активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Некои со големи, некои со помали улоги во училишниот настан, но сите среќни поради придонесот во чествувањето на светецот чие име го носи нивното училиште.
Директорката на училиштето, Славица Илич кажа дека намерата е секоја наредна година да биде што поинтересна и секоја година со различен белег. Оваа година, истакна Илиќ активностите траат во текот на цела оваа недела, од кои...
Post Views: 7
Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски. „Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание...
Post Views: 1
Општинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција.
Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат...
Post Views: 17
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска од вчера размислува кој ќе биде новиот директор на Фестивалот Охридско лето. По скоро еден месец од завршувањето на конкурсот министерката конечно најде време да одржи интревју со пријавените кандидати за оваа директорска позиција. За секој кандидат биле предвидени 15 минути разговор. По враќањето од Скопје ТВМ контактираше со дел од охридските кандидатите. Тие истакнаа дека интервјуто протекло во коректна и пријатна атмосфера , каде што министерката посветила максимална внимание за нивните понудени програми.Сега...
Post Views: 11
12-те кандидати кои се токмат да седнат на челната фотеља на реномираниот фестивал „Охридско лето“, в понеделник очи в очи со Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Апликантите ќе имаат можност лично да ги презентираат своите проекти во врска со фестивалот и своите визии за развојот на истиот. Кандидатите ќе се обидат да ја убедат министерката дека токму тие се вистинскиот избор за директорската функција. Ова за ТВМ го изјавија од Министерството за култура. Инаку на конкурсот кој заврши на 26 октомври пристигнаа12 пријави. Дел од нив се потпишани со...
Post Views: 22
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска деновиве е зафатена со докажување дека се е валидно околу проектот „Скопје 2014“, па не успеала да види кој се се токми за прв човек на реномираниот фестивал „Охридско лето“, иако конкурсот заврши уште на 26 октомври. Инаку од министерството за ТВМ велат дека пристигнале 12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност....
Post Views: 1
Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски.
Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно...