Ознака: кино

Black Swan

Првата жртва на Црниот Лебед

Post Views: 2 Бонтонот никогаш не излегува од мода затоа што не знаете кога некому ќе му пукне филмот. Комбинацијата на неиздржливо напната приказна и премногу гласно јадење пуканки и постојано шушкање со кесата во кино салата, била фатална за еден 42-годишен Латвиец. Инцидентот се случил во кино во Рига, кога на почетокот од одјавната шпица, еден од присутните во публиката извадил пиштол и испукал дури 4 куршуми во него.   Очевидци велат дека убиениот цело време им го одвлекувал вниманието шушкајќи со пакетчето и грицкајќи ги пуканките премногу гласно, заради што 27-годишниот осомничен...

Continue reading

kino

„ Кино Охридско езеро“ и „ Охридски брилјанти“ документарци од минатото на градот

Post Views: 14 Првата кино сала „Охридско езеро“ и музичкиот состав „ Брилјанти “ се творечка инспирација за  Љупчо Паункоски и Ѓоко Симјановски да направат два документарни филмови. Авторите со документарците ќе сочуваат од заборав два периоди од минатото на Охрид.  Обајцата имале намера да ги потсетат повозрасните охриѓани на едно убаво време од нивната младост, а на помладите да им покажат како нивните родители,  баби и дедовци го поминувале слободното време. „ Се работи за две различни тематики,  но ги спојува тоа што го обработуваат културно- забавниот живот во едно минато време....

Continue reading

kino bavca

Циклус филмови од Столе Попов во Кино Бавча

Post Views: 30 Од 21 до 25 август во центарот за култура Григор Прличев во соработка со кинотека на Македонија во обновениот простор на Кино бавча или летно кино ќе се прикажуваат циклус филмови од   еден од најпознатите и најреномирани македонски режисери Столе Попов. Проекциите започнуваат со Црвениот коњ, во кој главните улоги ги толкуваат Бата Живоиновиќ, Илија Џувалековски, Радмила Живоиновиќ , Коле Ангеловски, Мето Јованоски , Ристо Шишков. .. По него веќе во четврток љубителите на филмот ќе имаат можност да се потсетат на филмот „Среќна Нова 49“ . „Џипси меџик“ е во петок ...

Continue reading

Карираниот нинџа на кино репертоарот во Охрид

Post Views: 0 Кино проекциите ќе се одржат овој ПЕТОК 19.03.2021 година, почеток 19:00 часот, цена на карта 100 денари, ГОЛЕМА САЛА! Приказната е за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, тој открива дека нинџа куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди. Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор...

Continue reading

kino

Отворање на кино „Милениум“

Post Views: 4 Со европската премиера на филмот „Дали слушнавте за Морганови?“, вечер свечено ќе биде отворено Градско кино „Милениум“ во Скопје. Режисер е Марк Лоренс, а главните улоги во романтичната комедија ги играат Хју Грант и Сара Џесика Паркер. Неодамна Град Скопје склучи договор со Градскиот трговски центар за преземање на киното „Милениум“, со кое ќе стопанисува ЈУ Младински културен центар – Скопје. {loadposition content9}

Continue reading

ufo

Несекојдневниот УФО фестивал ќе ја отвора летната кино-бавча

Post Views: 6 Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности. Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс. „Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички...

Continue reading

Bakraceski

Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

Post Views: 5 Враќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење. „За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе биде...

Continue reading

teatar

Концерт на чалгии, престава за деца и театарска премиера

Post Views: 3 Започнува музичкото загревање на предновогодишната атмосфера во Охрид. На 27 декември во четврток, од Центарот за култура го најавуваат музчкиот концерт на бендот „Чалгија саунд систем“. Концерт кој ќе придонесе за прекрасно расположение кај љубителите на чалгаџиската музика, информира директорката  на центарот за култура Драгана Боцевска.    „ Бендот „Чалгија саунд систем“  ја негува чалгаџиската музика и ќе изведе прекрасни песни  од регионот. Овој бенд ќе приреди пред новогодишна атмосфера и ќе предизвика  позитивни чувства кај публиката“, кажува Боцевска.    На 28...

Continue reading

сала

Нова техника за театарот и кино салата

Post Views: 1 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што...

Continue reading

kino

Старото кино станува руина

Post Views: 2 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на другата...

Continue reading

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top