Post Views: 9
Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече делумно се задоволни од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски тоа го објаснува како резултат од методите кои ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие...
Post Views: 9
„Вчера имавме најфер избори во историјата на Македонија, како во Охрид така и во целата 5 та изборна единица. Би сакал да изразам задоволство од посигнатите резултати прво на државно ниво потоа во цела 5 та изборна единица и секако во Охрид. Задоволни сме со победата. Овој резултат претставува потврда на политиките кои сме ги воделе до сега но и заложба за она што го ветивме за во следниот четиригодишен мандат да го оствариме“, истакна на денешната пресс конференција пратеникот Александар Николоски.
„ За Oхрид ќе правиме многу во следниот перид. Се што е ветено ќе...
Post Views: 2
Пратеникот Митре Велјаноски ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ на државно ниво и истакна дека СДСМ се математички победници на овие предвремени парламентарни избори освојувајќи 43 пратеници наспроти осумнаесетте кои ги имаа досега. Претседателот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Петрески им порача на своите политички опоненти да соберат храброст и да му ја честитаат победата во Охрид.
„Власта ги искористи сите можни средства за да победи на овие избори, па некои луѓе поради сиромаштијата биле принудени да го земат она што им било ветено…“ вака рече пратеникот...
Post Views: 1
На единаесеттие предвремени парламентарни избори, во Охрид, победата неофицијално ја понесе СДСМ, со околу 500 гласови повеке од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Петрески, кој воедно беше и претседател на изборниот штаб на СДСМ, изјави дека ова е уште една победа на СДСМ, но и на Охрид и своевидна казна за ВМРО-ДПМНЕ во овој град.
Во 5-та ИЕ, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ, ќе има 9-10 пратеници, што значи дека Александар Николовски и Хари Шокаровски ќе седнат во пратеничките фотељи, а за Анита Кипаризовска Крстевска, е сеуште незивесно.
На ниво на држава, неофицијално ВМРО-ДПМНЕ...
Post Views: 3
Утрово во 7 часот беа отворени сите 72 избирачки места во општина Охрид. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Според податоците на општинската изборна комисија до 13 часот вкупно гласале 20155 глсачи или 37,02 % од евидентираните избирачи на единствениот избирачки список.
Претеседателката на Општинска Изборна Комисија Ангелина Недеска изјави дека до овој момент не се евидентирани нарушувања на изборниот процес.
Во единствениот избирачки список евидентирани се вкупно 54437 граѓани со право на глас.
Во споредба со предходните избори има промена на некои...
Post Views: 1
Масовно излегување на гласање за време на вонредните парламентарни избори 2011 година, е она за што се залагаме велат од коалицијата на граѓански здруженија „Актуел 2011“. Мотивацијата на граѓаните во овој предизборен период е наш императив, а се тоа поради високоиот степен на апстиненција, особено кај одредени категории на граѓани, додаваат од „Актуел 2011“.
Заеднички на сите беше ставот дека овие избори мора да бидат регуларни, фер и демокртаски, како единствен пат за евроатланска интеграција на Република Македонија. Важноста за успешност на изборите е поврзана со...
Post Views: 0
„За секој политичар и за секоја политичка партија во Р Македонија 5 јуни е ден на избори. Овој ден е значаен и за нас, но морам да потенцирам дека 5 јуни е значаен и поради тоа што е ден за заштита на човековата околина“, истакна носителот на листата во ИЕ5 на ЛДП, Андреј Жерновски на прес конференцијата која ја одржа на Плаошник.
Потенцираше дека се одлучиле пресс конференцијата да ја одржат на оваа локација затоа што како што кажа сакаме да реагираме на безмилосното сечење на боровата шума нешто за што Охриѓани и сите кои доаѓаат во Охрид се револтирани за она што...
Post Views: 9
Синоќа нешто пред полноќ, ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатската листа за пратеници до ДИК.
На неа се најдоја имињата на тројца кандидати на оваа партија од Охрид. На листата се најдоа пратениците од претходниот мандат и тоа Александар Николовски, на високото четврто место и Анита Кипаризовска-Крстевска на тринаесетото место. За некои изненадување, но за добрите познавачи на вантерепартиските случувања во охридската ВМРО-ДПМНЕ, очекуван потег беше на кандидатската листа, да се најде името на Д-р Хари Шокаровски.
На листата за пратеници струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ...
Post Views: 9
ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ.
„ Главна определба на ВМРО НП е овие избори да бидат пред се фер и демократски. ВМРО НП ќе води позитивна кампања со што на електоратот ќе му се пласираат факти и реални споредбени показатели кои суштински ќе влијаат врз формирање на мнението, а показатели кај избирачите кои ќе бидат носители на финалниот производ односно директни креатори на идната власт. Вклучувањето...
Post Views: 1
Онаму каде што има чад, навистина имало и оган. Вистинити испаднаа шпекулациите кои последниве три месеци се слушаа во охридската јавност за тогаш наводната, а од денес веќе и официјална смена на Директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски.
Можеби Трпчевски нема да се најде на листата кандидати за пратеници, како што во последно време се шпекулираше, но според градоначалникот Петрески кој го назначува директорот на ова јавно претпријатие, политиката и претстстојните парламентарни избори се причина за смената во врвот на Проаква. Трпчески и неговиот нов политички...
Post Views: 4
Европската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе Мануел Баросо.Тој по средбите со Премиерот Никола Груевски и Претседателот Ѓорѓе Иванов ја пофали Македонија за успешно спроведените реформи во сите области.
На македонските власти Баросо им препорача да продолжат со реформите за Македонија да не застане во пристапниот процес кон Унијата. Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската Комисиjа, истакна „ треба да постои консензус за сите стартешки...
Post Views: 1
Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски.
„Сметам дека то...