Post Views: 3
Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.
Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели Сашо Велјановки-советник за јавно осветлување.
Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид...
Post Views: 15
Во рамки на одбележувањето на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Општината и Советот со купување прехранбени производи се вклучија во акцијата што Локалната ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов.
„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна мисија заедно со службите на Црвен Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и...
Post Views: 20
Јавното претпријатие „Билјанини извори“ подготвува вистински викенд-спектакл. После подолго време, во Охрид ќе настапат врвни европски кошаркарски екипи. Овој петок, започнува меѓународниот турнир „Охрид Трофеј 2013“, кој на охриѓани ќе им понуди вистинско спортско уживање. Главен покровител на овој меѓународен турнир е општина Охрид, додека негов реализатор ќе биде ЈП „Билјанини извори“.
„Можеби возрасните ќе ме корегираат, после три децении на голема врата ја враќаме меѓународната квалитетна клубска кошарка. Ја враќаме со „Охрид Трофеј 2013“. На него ќе учествуваат...
Post Views: 1
Клубовите од Грција го откажаа настапот во премиерната сезона од Балканската лига во кошарка (БИБЛ), во која ќе настапат и екипи од Македонија.
Раководството на БИБЛ соопшти денеска дека преговорите со грчката кошаркарска федерација и директно со поканетите клубови не довеле до позитивен одговор од нивна страна.
Со оглед на тоа дека нема сериозен интерес од грчка страна, БИБЛ донесе одлука да не чека повеќе, така што грчки екипи нема да учествуваат во премиерната сезона, официјално е соопштено.
Официјалниот почеток на сезона во БИБЛ е закажан за 7 октомври, а од Македонија...
Post Views: 2
По паркинг рамките, дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.
„Како што ви е познато по иницијатива на МВР започнавме со отстранување на сите бетонски препреки во центарот на градот. Вчера се отстранија сите метални рампи и денеска продолжуваме со отстранување на бетонските топки на кејот.“-изјави Танас Танаскоски, раководител на општински инспекторат.
Инаку бетонските топки беа поставени на почетокот на јуни 2012 со одлука...
Post Views: 17
Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст.
Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде.
Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...
Post Views: 3
Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст. Обележана е и линија која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега.
„Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито....
Post Views: 45
После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае.
„Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите,...
Post Views: 12
Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. Од таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со целосно нов проект.
Најголем проблем преставуваат...
Post Views: 10
Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува.
A во вчерашниот пожар...
Post Views: 2
Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, а поради големиот интерес на граѓаните Црвен крст Охрид во соработка со Очната Клиника “Систина Офталмологија”, повторно организираат бесплатно мерење на очниот притисок, кое ќе се реализира на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид, на 18.03.2012 г., недела, од 11-13 ч.
Од страна на медицинските екипи на Систина Офталмологија, на сите заинтересирани граѓани, со помош на ласерска техника, безболно ќе им биде мерен очниот притисок, ќе им бидат давани потребни совети и информации за...
Post Views: 0
„Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл.
„Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...