Ознака: езеро

Повторно горат трските на брегот од Охридското Езеро

Post Views: 6 Повторно горат трските во Охридското Езеро на струшкото крајбрежје. Пред само неколку дена на потегот помеѓу Струга и селото Калишта имаше пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што беше опожарена трска со површина од околу 10.000 квадратни метри, сопственост на државата. На опожарените места подоцна никнуваат плажи, угостителски објекти, хотелски комплекси или обработливо земјоделско земјиште. Трската е важен дел од природниот екосистем. Таа е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето на Охридското Езеро, како што се многуте безрбетници,...

Continue reading

Од Охридското езеро е извадена артилериска граната од Првата Светска војна

Post Views: 3 Вчераутро околу 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки, информираат од  Дирекцијата за заштита и спасување. Ангажиран беше нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски тим лидер на тимот за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна. Во акцијата учествуваше и пиротехничар со долгогодишно искуство и ангажман...

Continue reading

Со европски пари ќе се воведат нови туристички содржини на Слатинско Езеро

Post Views: 6 Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Општина Дебрца аплицираше со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHFтреба да се внесат нови туристички содржини на Слатинско Езеро . Имено со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема, а новата патека ќе се постави...

Continue reading

Преку јапонски искуства до соодветна заштита на Охридското Езеро

Post Views: 2 Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти. Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана. Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо...

Continue reading

Зголемен водостојот на Охридското езеро за еден сантиметар

Post Views: 3 За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот...

Continue reading

УХМР предупредува за нивото на Охридското езеро

Post Views: 0 Од УХМР со предупредување за нивото на Охридското Езеро. Во изминатиов период водостојот на Охридското езеро бележи доста низок водостој, така што постојано се доближуваше до минимално дозволената кота од 693,10 метри надморска висина. Според денешните мерења нивото на Охридското езеро се наоѓа на дозволениот минимум. Од УХМР предупредуваат дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот, ќе биде нарушено нормалното функционирање на целиот биодирезитет во него. Алармираат на потребата од внимателно следење на состојбата со Охридското Езеро во наредниот пе...

Continue reading

Десет места кои не смеат да се видат на мапите на Google

Post Views: 1 Иако мапите на Google се смислени за да ги приближат убавините на светот на луѓето, сепак постојат некои места кои не можете да ги видите. Кралската палата во Амстердам, Холандија. Таа е само една од многуте градби во сопственост на холандската кралска фамилија која е замаглена на Google. Меѓународниот аеродром Buffalo Niagara. Овој аеродром е видлив ако не е зумиран, а тогаш ќе забележите дека е избелен и не можат да се видат детали. Нациналниот парк Tantauco, Чиле. Овој национален парк може да се види само како црвен знак на снимката. Тој приватен природен резерват...

Continue reading

Слатинското езеро обраснато со вегетација

Post Views: 4 Слатинското езеро со години зјае празно. Наместо  туристичка атракција  во Дебрца,  до скоро беше  мочуриште обраснато со бујна вегетација. Последните дождови и снег го поднаполнија  езерото, но  водата се испушта од браната ,  бидејќи мора да се  исчистат обраснатите врби. После еколошката катастрофа во февруари 2013 година,   во 2018 се изврши санација на браната , но  проблемот остана нерешен. „Ургентно треба да се изврши чистење на дното  на  езерото беа преземени обврски од страна  на Водостопанство дека ќе се среди,   но за жал до овој период такво чистење не се...

Continue reading

Граѓаните се загрижени за судбината на Охридското езеро

Post Views: 6 Охридското езеро оставено на милост немилот. Трската нагло се пали, се уништува растителниот и животинскиот свет. Водите од Охридското езеро исто така се изложни на загадување. Граѓаните се едногласни, кога станува збор за тоа колку е заштитено езерото. Велат, никој не се грижи за него, секој гледа за својот џеб. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на неодамнешната посета во Струга, рече дека приоритет на овој ресор е заштита на Охридското езеро. Примерот за заштита на водите од Преспанското зеро, ќе се применува и за охридското. Ќе се гради почистителна...

Continue reading

Prespansko ezero

Преспанското и Дојранското езеро под концесија

Post Views: 16 Издавање концесии за Дојранско и Преспанско Езеро, е тема на прес конференцијата, која денеска ќе ја одржи министерот за земјоделство Абдилгафар Синани. Владата претходно најави дека ќе бидат распишани огласи за давање под концесија на Преспанското и Дојранското езеро, додека за Охридското езеро стави мораториум за стопански риболов до 2014 година. Дотогаш за Охридското езеро ќе се грижи рибочуварската служба и Министерството за внатрешни работи. {loadposition content9}

Continue reading

4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 1 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати. Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Отстранувањето на ризиците по Охридското Езеро и регионот согласно насоките на УНЕСКО мора да биде врвен приоритет за сите засегнати и надлежни

Post Views: 3 Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top