Post Views: 1
Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево,...
Post Views: 0
Повеќегодишниот труд на професионалниот фотограф Зоран Велјаноски-Лертра ставен во книгата „Три рефлексии на погледот“. Ова дело денес беше јавно преставено пред охридските новинари со цел оваа промоција да се совпадне со Деновите на саемот на книгата. Летра објаснува дека трите рефлексии се однесуваат на езерото, културно- историските споменици, и погледот на светот. На почетокот на книгата се наоѓаат фотографии на кои се овековечени дрва кои сега веќе се пресечени.
–Смислата на уметноста и на фотографијата е всушност и смислата на животот на еден уметник да...
Post Views: 6
Денес околу 12 часот и 30 минути, на стариот пат Охрид – Струга во непосредна близина на постојката кај селото Подмоље, настрада велосипедист.
Како што дознава ТВМ во велосипедистот удрило возило марка Форд. Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Од она што од него успеавме да добиеме како информација, станува збор за лице на возраст од 50 до 55 години и дека истото се здобило со тешки телесни повреди.
Според Димоски повредениот итно бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо – Охрид. Од СВР Охрид работат...
Post Views: 9
Тажен и најнепосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани. СВР денес и официјално потврди дека мртвото женско тело кое беше пронајдено во текот на вчерашниот ден во месноста Натнасер бачила во атарот на Велмеј е на Маја. Обдукцијата покажала дека на телото немало траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.
„Од досегашните информации со кои што располагаме од обдукцискиот наод најверојатно причината е хипотермија односно губење на телесната топлина како резултат на подолготрајна изложеност на екстремно ниски температурри кои што владееле...
Post Views: 2
СВР пријатно ги изненади возачите. Имено денес на ул Македонски Просветители, полициски службеници застануваа возила со цел да им подарат по еден новогодишен лампион. Дел од возачите беа збунети, но сепак пријатно изненадени.
„Триесеттина години сум возач и прв пат пријатно сум изненаден од полицијата, ова не сум го доживеал“.
Иницијативата ја покрена портпаролот на СВР – Охрид м-р Стефан Димоски, а ја реализира во соработка со полицискиот синдикат. Воедно тој на сите возачи и туристи кои моментално престојуваат во Охрид им посака многу здравје и успеси на личен и деловен...
Post Views: 2
Градскиот хор, вечерва ќе има завршен настап пред охриѓани. 30 -тина хористи ќе изведат Божиќни нумери. Со песните ќе внесат весело пред новогодишно расположение кај своите сограѓани. Концертот нема да биде стандарден туку ќе биде проширен со солисти и настап на гости од музичкото училиште, напоменува диригентот на хорот Проф. Александар Димоски. Димоски додава дека вредно и напорно работеле, а за изборот на репертоарот вели дека се труделе да внесат нови содржини.„ На овој концерт ќе бидат исполнети познати нумери кои публиката ги знае. Најпознатите Божиќни песни...
Post Views: 0
Секторот за внатрешни работи од Охрид, денес го одбележа Денот на превенцијата. Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Додава дека уште од 2008 година полицијата во Република Македонија декларирајќи се како сервис на граѓаните заедно со ОБСЕ ги формирале одделенијата за превенција со што била декларирана основната ориентираност на полицијата кон превентивно работење.
„Превентивната функција на полициското работење претставува обид на современата полиција да ги пресретне...
Post Views: 1
Тројца охриѓани трагично ги загубија животите во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа десет минути по полноќ на регионалниот пат Охрид – Св Наум. Тумбата кај населбата Елешец беше кобна за 21 годишниот Х.Ј и брачната двојка К.Д. (39 годишен) и Т.Д. (28 годишна). Во несреќата тешко е повреден П.Ш (21 годишен) кој веднаш е префрлен во хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде му е извршен оперативен зафат. Додека пак 23-годишниот Д.С. е полесно повреден.
„Најверојатно причината за случената сообраќајна незгода е директен судир помеѓу две...
Post Views: 6
Узурпирани тротоари. На повеќе локации во општина Охрид може да се регистрираат автомобили онаму каде што најмалку им е местото, на тротоарите. По се изгледа ригорозните казни не ги плашат возачите, кои безмилосно го ставаат во опасност животот на пешаците и го оневозможуваат нормалниот проток на сообраќај. Најголема опасност им прети на најмладите, а да не зборуваме за мајките со колички кои немаат друга алтернатива освен да се движат по коловозот.
Граѓаните не сакаа да коментираат пред нашата камера. Наш сограѓанин револтирано ни кажа: „Имате камера снимајте. Нема...
Post Views: 3
Владина поддршка за охридското земјоделие со 25 милиони евра. Станува збор за прва сериозна соработка на Локалната самоуправа со министерството за земјоделие, која се состои во реализација на три мерки, изградба на откупен центар наменет за овошни насади со посебен акцент на охридската цреша, забрана за користење на пловните објекти во одреден временски период и поддршка на руралниот развој. Министерот Љупчо Димоски, убедува дека од денешната средба со градоначалникот Бакрачески најмногу добиваат охридските земјоделци.
„Досега ја немавме таа можност да соработуваме со...
Post Views: 4
Познат овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Најзабележителен, според жири комисијата предводена од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, бил расказот „Трансакција“ доставен под шифрата „Нула“.
Според Димоски кој е претседател на оваа жири комисија, наградата за краток расказ „Живко Чинго“ го има највисокиот примат за литературен жанр од овој вид. Еве зошто комисијата се одлучила токму за овој расказ.
„Расказот „Трансакција“ обработува современа урбана тема во која на некој начин сите ние сме заробени и може да се препознаеме. Двата лика...
Post Views: 6
Фирмата „Сузуки-МТ“ и ракводителката на ова правно лице заработија кривични пријави од СВР Охрид. Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, информира дека пријавите се поднесени во врска основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Димоски додава дека само во текот на вчерашниот ден до СВР-Охрид поднесени се околу дваесеттина жалби и поплаки на граѓани за наплата на паркинг места, кои со одлука на Општина Охрид веќе не претставуваат паркинзи под концесија на правното лице „Сузуки-МТ“.
„Оваа одлука односно известување на Градоначалникот на Општина...