Tag: главната

Научната фела загрижена, со губење на статусот на УНЕСКО градот ја губи и главната туристичка вредност

Во охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и  легализација на дивоградби. Се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и за легализација на бесправно изградени објекти во Охрид. Времено се прекинуваат и постапките за изработување и донесување на урбанистички планови и урбанистички проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови и документации. Овие активности ќе продолжат после донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство, кое се очекува да се случи за околу шест месеци. На...

Continue reading

Поправката на трите делници во регионов ќе биде завршена пред главната туристичка сезона

Работите ќе бидат завршени два месеци порано од планираниот рок во проектот. Директорот на ЈП Државни патишта задоволен од темпото и  сработеното на патната инфраструктура која е во тек во Охрид  и Струга.  Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, најави Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој денес беше во обиколка на регионов. Работите ќе бидат завршени два месеци порано од планираниот рок во проектот пред почетокот на главната туристичка сезона, рече Китанов. За рехабилитација на овие делници ќе бидат потрошени...

Continue reading

Охрид чист ќе ја дочека главната туристичка сезона

Во пресрет на главната туристичка сезона, во текот на месец мај и почетокот на јуни, со бројни акции, ќе се чисти Охрид, но и пошироката околина и околните планини. Во пресрет на главната туристичка сезона, во текот на месец мај и почетокот на јуни, со бројни акции, ќе се чисти Охрид, но и пошироката околина и околните планини.Активностите ќе започнат утре (05.05.2018 година), кога ќе се спроведе акција за генерално чистење на делови од подрачјето на Општина Охрид. Во истата ќе учествуваат охридските јавни претпријатија и општинската администрација. Предвидено е чистење на магистралниот пат...

Continue reading

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште. Се гради во централното градско подрачје и од локалната и од приватните инвеститори. Никој  не ја почитува забраната за градење во централното градско подрачје и туристичките населби  во екот на летната сезона.  Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот,...

Continue reading

Главната награда на американското лото достигна 1,5 милијарди долари

Добитната комбинација на броеви 5+1 никој не ја погодил повеќе од два месеци Главната награда на лотаријата Powerball и во вторникот продолжи да се зголемува и моментално е поголема од 1,5 милијарди долари и износот предизвика незапамтена еуфорија во САД. Добитната комбинација на броеви 5+1 никој не ја погодил веќе два месеци, иако извлекувањата се одржуваат два пати неделно, среда и сабота. Износот на џек-потот уште минатата недела го собори рекордот со искачување на 950 милиони долари. Иако можноста за добивка е многу мала, 1:292 милиони, веќе со денови трае опсадата на уплатните места, а...

Continue reading

logo

Саморегулацијата во медиумите за поголема професионалност и етички стандарди во новинарството

Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството, е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид. Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид. Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни...

Continue reading

Zuckerberg објасни зошто Messenger стана посебна апликација

Луѓето не сакаат промени но… Никогаш не е лесно да се воведат промени, бидејќи општо познато е дека луѓето не сакаат промени. Facebook неодамна одлучи да ги присили своите корисници да инсталираат посебна апликација, Messenger, за потполно да ја одвојат комуникацијата со пријателите од главната Facebook апликација. И додека луѓето таа новина не ја примија со одушевување, Mark Zuckerberg јавно одговори зошто се одлучиле на ваков потез. “Примарна цел на Facebook е News Feed. Праќањето пораки стана несшто што се правеше сѐ повеќе и повеќе, а денес се праќаат преку 10 милијарди пораки дневно....

Continue reading

komunalec

„Комуналец“ ги засилува активностите пред првомајските празници

Пред првомајските празници Ј.П.„Охридкси Комуналец” посебен акцент стави на одржувањето на јавната чистота преку хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.). Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев„“ и др. Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј“. Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните...

Continue reading

tepacka

Турското собрание, стана ринг

За време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот. За време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот. До конфликтот во турскиот парламент дојде за време на расправата за предлог измените и дополнувањето на законите од областа на образованието, а после жестоката расправа...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top