Tag: германските

Нов скандал: Германските производители ќе повлечат 630.000 автомобили во Европа

Оваа одлука доаѓа како резултат на истрагата со аферата на Volkswagen 630.000 автомобили на Audi, Porsche, Opel, Mercedes и Volkswagen ќе мора да се повлечат во Европа поради неправилност во нивото на испуштање штетни гасови, рекол за AFP извор во германската влада. Оваа одлука е резултат на истрагата на германските власти поради аферата на Volkswagen која изби во септември минатата година. Последните месеци се спроведувало испитување на штетни гасови на сите дизел модели во Германија и министерството за сообраќај резултатите јавно ќе ги објави. На спорните автомобили системот за прочистување...

Continue reading

Германската полиција пронашла нов доказ во станот на копилотот на Germanwings?

Полицијата ги пребарала станот во Диселдорф и куќата во Монтбаур Германската полиција во станот и куќата на Andreas Lubitz, копилотот кој самоубиствено го урна авионот на Germanwings, запленила многубројни работи, вклучувајќи го и личниот компјутер на копилотот. “Пронајдовме нешто што ќе биде предмет на тестирање. Во моментов не можеме да кажеме за што се работи, но тоа би можело да биде значајна трага за мотивот за тоа што се случи”, рекол Markus Nisczery, портпаролот на полицијата, а пренесува BBC. Сепак полицијата подоцна изјави дека не се работи за порака за самоубиство, а во германските...

Continue reading

Исламисти со закана пред натпреварот Вердер – Волфсбург

Нервоза кај жителите на Бремен пред денешниот натпревар Нервозата меѓу жителите на Бремен воочи натпреварот на нивниот клуб со второпласираниот состав од Бундес лигата внесе соопштението на германските безбедносни служби. Тие најавија дека постои закана од исламисти пред натпреварот Вердер – Волфсбург, кој треба да се одигра денес во 17.30 часот, и како што пишува Bild, превземени се посебни превентивни мерки околу стадионот на Вердер. Во градот од рано наутро се забележуваат зголемени полициски сили од вообичаеното, а засилени се и мерките на безбедност на јавните места. Генералниот менаџер...

Continue reading

Ефектите на ЛЕД сијалиците можат да бидат поприродни

Најново откритие на германските научници По повеќемесечно тестирање, германските научници, го потврдиле најновото откритие. ЛЕД сијалиците можат подобро и поприродно да го осветлат просторот, благодарение на новиот материјал. Иако не звучат револуционерно, сознанијата на германските научници најавуваат далеку поголема енергетска придобивка и поприродно осветлување на просторот. Wolfgang Schnick не е голем познавач за осветлување и не посебно го интересирале сијалиците, но со време овој хемичар почнал да обрнува внимание на квалитетот на светлото и сијалиците кои вообичаено ги купувал. Скоро...

Continue reading

Месечната плата на Ангела Меркел

Ретроактивно од 1 март, германските политичари со зголемени плати Спрема нацрт законот за заработка, германските политичари оваа година ќе земаат ретроактивно од  1 март, зголемени плати за 2,8%, а од 1 март следната година уште нови 2,2% зголемени плати. Така германските политичари од март 2015 ќе добијат вкупно зголемување на платите за 5%, па канцеларката Ангела Меркел ќе има месечни примања од 22.533 евра. Претседателот на државата, Јоаким Гаук, чија плата сега е 17.897 евра, од март 2015 година би требало да зема 18.803 евра, што би била најголема плата, додека платата од Меркел од сегашните...

Continue reading

Германија парализирана

Германската железница ангажира додатни возови Во борбата за подобра заработувачка и услови за работа, вработените на аеродромите и јавните служби во германските покраини, се наоѓаат во предупредувачки штрајк кој како што пренесуваат германските медиуми, ги погодил аеродромите во Франкфурт, Минхен, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Штутгарт… Поради штрајковите во јавните служби ширум германија и на аеродромите, дошло до големи доцнења и откажувања на летови, а само во Франкфурт, најфреквентниот аеродром, има околу 2500 штрајкувачи, пренесуваат германските медиуми. Луфтханза уште вчера...

Continue reading

azilant

Германија, дестинација број еден за македонските азиланти

Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби. Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби. Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека...

Continue reading

Мерки против мито на пратениците

Со мнозинство гласови си ги зголемија платите Со мнозинство гласови си овозможија зголемување на платата, за околу 830 евра месечно или поточно на 9.082 евра, во германскиот Бундестаг. Овие законски измени, за кои гласале 464 од 589 пратеници, а 115 против и 10 воздржани, се предвидува на половина на овој мандат од актуелните 8.252 евра да си ја зголемат платата на 9.082 евра. Германската опозиција е незадоволна со тоа што овие законски измени се усвоени со брзо темпо од 10-ти февруари, кога за прв пат овие планови на владеачката коалиција беа за прв пат изнесени, а аналитичарите велат дека...

Continue reading

Albert Einstein

И Алберт Ајнштајн бил „мета“

Да речеме дека сте пронашле некој кој заговара да се убие најпознатиот научник на дваесеттиот век. Која би била казната за тоа? Ајнштајн го добил неговото Американско државјанство во 1940 година. Пред да го добие, поминал седум години во америка. Неговото престојување го направил постојано во 1933 година, кога Хитлер добил моќ и Германија станала ужасно место за Еврејските академци и интелектуалци. Најпрво тие биле турнати од државните институции и  универзитети. Потоа официјалните лица ги одбивале нивните идеи. Така, Германските официјалци се обидувале Ајнштајновата теорија за релативитет да...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad