Кои се “најочајните“ домаќинки во Европа?

Италијанските домаќинки се “најочајни“ во Европа, со стапка на незадоволство многу поголема од француските и германските колешки, според најновите истражувања на здружението “Жените и квалитетот на животот“.

 |   | 
domakinka
домаќинка

ocajni domakinki serijaИталијанските домаќинки се “најочајни“ во Европа, со стапка на незадоволство многу поголема од француските и германските колешки, според најновите истражувања на здружението “Жените и квалитетот на животот“.

Стапката на незадоволство на италијанските домаќинки изнесува 76 отсто оваа пролет, во пораст за 2, 5 отсто во една година, според студијата која како пример го наведува порастот на животните трошоци и низата владини мерки за штедење кои ја кратат помошта на семејствата.

Во подрачјето на незадоволство, Италијанките се пред шпанските домаќинки, од кои 63 отсто се незадоволни, следат Французинките со 57 отсто, Британките 51 отсто и Германките 47 отсто.

domakinka

Првата причина за загриженост на испитаничките е економската криза и намалената куповна моќ за 46 отсто. Другата причина е отсуството на социјална помош за семејството, малиот број на градинки како и здравствената структура.

Жените се толку незадоволни од своите животи што дури 50 отсто тврдат дека не би се мажеле кога би морале да започнат одново а две од три не би имале деца.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top