Ознака: водата

hirurgija

Превенција за здрав бубрег

Post Views: 33 Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели  Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој  смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег.  Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања. „Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што охридско...

Continue reading

epidemiologija

Во Охрид нема регистрирано ниту еден случај на туларемија

Post Views: 4 Туларемијата која најпрво се појави во Косово деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др. Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на бројот на инфицирани, смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле...

Continue reading

centar za javno zdravje

Охрид и Дебар имаат безбедна вода за пиење, но не и делови од Струга

Post Views: 2 Охриѓани пијат исправна вода. Но тоа не може да се каже и за стружани и за жителите на Дебрца. Центарот за Јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и Дебар, особено со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои го зафатија охридско – струшкиот регион од 01. февруари. Водата од градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за безбедена вода за пиење, нагласува директорот на ЦЈЗ Атанаско Михаилов. „Охрид има безбедна вода за пиење по сите параметри и хемиски и микробиолошки. Примероците...

Continue reading

Општина Струга: Во понеделник ќе се направи анализа на водата во Црн Дрим

Post Views: 11 „Во врска со објавите на социјалните медиуми за водата која се влива во реката “Црн Дрим“ пред Мостот на Поезијата, сакаме да ја известиме јавноста дека се работи за зголемена матност и содржина на железо. Оваа вода, се јавува периодично при автоматско чистење на филтрите од топлотните пумпи на Хотел Дрим, кои служат за затоплување и ладење. Апелираме до порталите да не шират дезинформации во јавноста, а за конкретни информации да се обратат кај надлежните служби на Општина Струга. Во понеделник екипа од Јавно здравство Охрид, ќе направи анализа на водата и за тоа...

Continue reading

fakac na krst

Црвен крст: Скокачите по крстот да бидат внимателни, температурната разлика на воздухот и водата во езерото голема

Post Views: 19   8,2 степени целзиусови ќе изнесува температурата на водата во Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление-Водици. Истата ќе биде дури за 1,3 степени пониска од лани кога, водата во езерото имаше температура од 9,5 степени целзиусови. Температурата на воздухот значително потопла и ќе изнесува од 7 до 8 степени. Токму ваквите температурни разлики според Сашо Точков од Црвениот крст може да бидат опасни за капачите. Порача тие да бидат особено внимателни. „Треба да се внимава при влегување во водата, сите оние кои чувствуваат слабост, кои се здравствено...

Continue reading

andon dukov

Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“

Post Views: 2   Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани...

Continue reading

logo

Водата безбедна за пиење

Post Views: 2 Од Центарот за јавно здравје велат дека последните параметри кои се направенои пред десетина минути покажале дека во водата има дезинфекционо средство и дека е безбедна за пиење. Бромологот Сашо Точков апелира до граѓаните дека доколку повторно дојде до подолг прекин на напојување со електрична енергија да не се користи водата за пиење без претходно да се проврие бидејќи во тој случај поради нефункционирањето на пумпите за дезинфекција водата не е хлорирана. {loadposition content9}

Continue reading

vodi

Алармантно нивото на загаденост на Охридското езеро кај Андон Дуков и женска плажа во Струга

Post Views: 19 Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...

Continue reading

krshtevanje

Бог се јави!

Post Views: 11 Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури...

Continue reading

proakva

Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни

Post Views: 6 Деновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски. „Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со заштитни...

Continue reading

poplaven dvor

Пукната водоводна цевка ги поплави дворовите на „Никола Карев“

Post Views: 4 Дворот на семејна куќа која се наоѓа на улицата „Никола Карев“, претворен во езерце. Веќе една недела тече вода од пукната водоводна цевка и ги поплавува имотите на граѓаните кои живеат тука. Дефектот бил пријавен уште минатиот понеделник, дошле некои екипи, нешто интервенирале, но не го решиле проблемот, водата и понатаму си тече, раскажува Ристе Карадимче еден од сопствениците на куќите чиј двор е поплавен.–Вишнава ми се исуши овде е се влажно и мислам дека  водата ми е навлезена и во темелите на куќата. Се чудам и не можам да разберам  ако ми се оштетат темелите...

Continue reading

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top