Ознака: водата

ostrovo

Ескапизам кој ќе ви се исплати

Post Views: 26 Неодамна во Шкотска осамна оглас како создаден за оние кои повеќе не можат да го поднесат лудилото и галамата на големите градови. За да биде уште подобро, платата е повеќе од добра, односно 3.000 евра месечно, а со неа доаѓа и титулата “менаџер на ненаселен остров”, кој годишно го посетуваат 20.000 туристи. Се што треба да направат кандидатите е да се грижат за островот и таму да поминуваат осум месеци годишно. Сместувањето е организирано во дворецот кој се наоѓа таму, а водата и храната се носат од копното.Сепак, љубителите на интернетот нема да бидат...

Continue reading

biljanini izvori

Во водата во Билјанини извори пак присутна бактеријата ешерихија коли

Post Views: 1 Водата од Билјанини извори и понатака не е за пиење. Секој понеделник службите од Центарот за јавно здравје земаат  мостри за испитување на водата од Билјанини извори. Резулататите од 11 јануари покажaле дека во водата повторно е присутна бактеријата  ешерихија коли или како што информираат од центарот за јавно здрвје има присуство на свежо загадување од фекалии. За континуираното присуство на патогени бактерии во водата на Билјанини извори од Центарот за јавно здравје испратиле информации до Институтот за јавно здравје, до Агенцијата за храна и ветеринарство, Кризниот...

Continue reading

nurkaci

Традиционално чистење на водата кај градското пристаниште во пресрет Водици

Post Views: 4 Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности денес го чистеа градското пристаниште од отпадни материи, а во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Оваа акција има за цел обезбедување на локација каде што ќе се фрла светиот крст од разните отпадoци кои претставуваат потенцијална опасност за скокачите по крстот. „Воглавно наоѓаме доста големи количини на отпадни материи, но овие последниве години со акциите за чистење на езерото сепак се разбудува свеста кај луѓето, се намалува количината на отпадни материи, меѓутоа сепак...

Continue reading

Водата во Охрид и Струга исправна за пиење

Post Views: 1 Водата за пиење од градскиот водовод во охридското поднебје е исправна, истата редовно се хлорира и се вршат сите потребни анализи, тврди првиот човек на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид Томе Паскалоски. „Согласно правилникот за исправност на водата од 2008 год, значи Центарот за Јавно Здравје врши секојдневни анализи, вршат нашите вработени, анализи кои не се валидни пред другите органи, паралелно се врши контрола од Центарот за јавно здравје и два пати годишно се врши од републичкиот Центар за јавно здравје, водата е исправна на сите избирачки места со сите мостри што...

Continue reading

Sulejman

Нема веќе Сулејман

Post Views: 3 Познатата турска сценаристка на серијата „Величествениот султан“, Мерал Окај почина во понеделникот во Истанбул, па снимањето на серијата е прекинато. Сценаристката вчера била погребана во Истанбул во присуство на голем број познати личности кои дошле да и’ оддадат почит, како и во присуство на државниот врв. Продуцентите објавија дека снимањето се прекинува на неопределено време, а неизвесно е и дали некогаш ќе биде продолжено, првенствено бидејќи не постои сценарио, но и поради стресот на главните актери поради смртта на сценаристката. Окај починала рано утрото на...

Continue reading

Во седум охридски села водата забранета за употреба

Post Views: 4 Во седум охридски села, Косел, Вапила, Опеница, Завој, Куратица, Ливоишта, Сирула водата микробиолошки и хемиски неупотреблива за пиење и готвење. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за користење на водата во овие села поради отсуство на хлор. Директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов, укажува дека тие редовно еднаш во месецот го испитуваат квалитетот на водата во сите МЗ и Анализите ги доставувале до Агенцијата. „Во тие села за кои што е издадена забраната е констатирано дека водата која што се користи од селските водоводи  е не  хлорирана...

Continue reading

poplava

Се повлекува водата од поплавените домови во повеќе делови на Охрид

Post Views: 8 Водата во поголем дел од поплавените домови на улиците  Железничка и Стив Наумов се повлекува. Обилните дождови кои саботата го погодија Охрид напрaвиja штетa во повеќе домови , но состoјбатa од вчера е стaвена под контрола. Домот на Сенaд Хусеин од улицaта Стив Наумов по интервенција на надлежните е расчистена. „ Имавме големи поплави за кус временски период дојдоа цистерни и механизација и денес поплавите се санирани. Има штети но се надеваме дека ќе бидат решени“, вели Хусеин.   Денес во обиколка на поплавените домови и текот на  расчистувањето на речните  корита...

Continue reading

fresco

Од верскиот календар: Свето Богојавление

Post Views: 3 Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури...

Continue reading

Пијалок против мамурлак и помошници кои ја намалуваат мачнината

Post Views: 4   Утрото после новогодишната прослава е синоним за мамурлак, кој на сите начини се обидуваме да го решиме. Најефикасни во тоа се малите пријатели од кујната во комбинација со вода. -Незаменлива и најздрава при борбата со дехидрираното тело, а со тоа и со мамурлакот, е водата. Сувото чувство во телото ќе се намали доколку пиете вода за време на прославувањето, а посебно следниот ден и тоа по ½ литар на секој час. -Утрото започнете го со лековит микс на вода и лимон, во ½ литар млака вода додајте свежо исцеден лимон, промешајте го и испијте го.  -За окрепувачки пијалок...

Continue reading

kanalizacija

Комунален проблем стар десет години

Post Views: 2 Неодамна до нашата редакција пристигна допис од граѓани кои живеат на оваа улица, во кој тие реагираат во врска со отворена јама, од која истекува атмосферска и канализациона вода, која се собира во каналот пред нивните дворови. Тие се жалат дека во летниот период смрдеата која доаѓа од водата е неподнослива, додека за време на зимата се соочуваат со поплави. Поради лошото искуство со поплавите, некои од жителите се дури приморани да ги заштитат своите ќуќи со изградба на дополнителни потпорни ѕидови, кои сепак претставуваат привремена заштита од надојдените води во...

Continue reading

Правилно користење на водата за наводнување

Post Views: 1 Старите техники на наводнување мора да се искоренат, бидејќи водата за наводнување се користи неефикасно, сметаат експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна. Проф. Ордан Чукалиев истакна дека мора да се промент принципите на користење на водата, доколку сакаме поефикасно да ја користиме водата, бидејќи доаѓа до намалување на количината на вода која што може евентуално да ги пренесе загадувачите од земјоделското производство кон езерото. „Треба да се направи замена на старите техники, бразди, вештчки дожд со нови современи техники на наводнување како што е...

Continue reading

Намален притисок на водата во „Бејбунар“

Post Views: 1 Од МЈП „Проаква“, РЕ Водовод – Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија Ф450 mm, денес ќе има намалување на водениот притисок во населбата Бејбунар. Намалувањето на водениот притисок ќе биде во период од 09:00 до 15:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top