Tag: ВМРО

Пецаков оди во втор круг со предност од 2000 гласови

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид, откако на вчерашните локални избори, кандидатот на партијата д-р Кирил Пецаков освои 14.380 гласови и со близу 2.000 гласа предност, оди во вториот круг. Противкандидатот и актуелен градоначалник д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 12.460 гласови, додека изненадувањето на овие избори, Гоце Цветковски од ТМРО освои 1.376 гласа. ВМРО-ДПМНЕ води и на листата на советници каде освоија 10.693 гласа, пред СДСМ со 8.731. Листата на ДУИ освои 2.349 гласа, додека Левица во своето прво појавување освои 1.628 гласа. Од независните листи најмногу гласови освои „Охрид...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ Охрид и Кирил Пецаков со честитка по повод 11-ти октомври

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. 11-ти октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот. Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите. Нека се паметат вечно хеорите од Антифашистичката борба! –...

Continue reading

Средба меѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците во Охрид

Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето. Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако очекувате поинакво однесување од Зоран...

Continue reading

(ОБНОВЕНО) ИЗБОРНАТА КАМПАЊА НА ВМРО ДПМНЕ ЗАПОЧНА ОД ОХРИД

ВМРО ДПМНЕ традиционално изборната кампања ја започна од Охрид. Коалицијата за обнова на Македoнија синоќа на Античкиот театар ги претстави 62 кандидати за градоначалници на седмите по ред локални избори во земјава. Пред присутните зборуваше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој рече дека тие нудат иднина на сигурност, проекти, просперитет, напредок, раст и развој. Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние...

Continue reading

Изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ започна од Охрид

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија” изборната кампања традиционално ја започнаа од Охрид. На митингот под мотото “Создади нова иднина” пред присутните граѓани на Антички театар беа претставени програмските определби на кандидатот за Градоначалник д-р Кирил Пецаков и листата за советници чиј носител е Сашо Донев.

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објави листата со кандидати за советници за Охрид

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја објавија листата со кандидати за членови на Советот на општина Охрид. Носител на листата е претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев. Отчетноста, транспарентноста како и чесна и честита работа се одликите на сите наши луѓе како идни претставници на охриѓани, професионалци на вистинските места. Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. На 17 октомври заедно да започнеме нови успеси, развој и решенија за подобар Охрид. Заедно сплотени да се избориме за нашите семејства, за нашите домови, за нашиот Охрид....

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ : Георгиески вработува пожарникари, а укина средства за униформи и обувки

Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила. Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? – јавно праша портпаролот Божиновски. Новите вработувања, кои според...

Continue reading

Реакција на ВМРО ДПМНЕ за долгорочното задолжување на Општина

„Веројатно малкумина од граѓаните разбраа дека во текот на вчерашниот ден во просториите на Општина Охрид се одржала јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување  на Општина Охрид. Епилогот на расправата е непознат, освен веста дека се одржала, а ниту збор за тоа какви биле ставовите на присутната „јавност”. Јавна расправа по теркот на оние на Мила за реформите во образованието. Но, она што треба да допре до јавноста е фактот дека повторно на два месеци пред локалните избори, Локалната власт и Георгиески пред заминување сакаат да земат кредит од 5 милиони евра за раздолжување, а...

Continue reading

Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија. –Наш фаворит за општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична листа на...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top