Ознака: ВМРО

ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината

Post Views: 3 ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат...

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ ОХРИД СО ЧЕСТИТКА ЗА 23-ТИ ОКТОМВРИ

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. 23 Октомври – Симбол на патриотизам, непокор и победа! На 23 октомври 1893 година во Солун темелите на Македонската револуционерна организација ги удираат шесте визионери Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија. Вечно да ги славиме хероите кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија. Промените, проектите...

Continue reading

Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер

Post Views: 1 Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер. „Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот Георгиески...

Continue reading

Директорката на НУ „Охридско лето“ со реакција на обвинувањата од Ок на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 Директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ, преку писмена реакција до медиумите во целост ги отфрла обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ.   Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања,...

Continue reading

ОО СДСМ Охрид: ВМРО ДПМНЕ за 11 години власт не вложи ниту 11 денари во колекторот

Post Views: 4   ВМРО ДПМНЕ најмалку има право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување, реагираат денеска од ОО на СДСМ на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ за работењето на Државното јавно претпријатие Колекторски систем. „Господа од ДПМНЕ, Вие сте тие кои не само што не вложивте, туку успеавте со Вашата негрижа Швајцарската донација во редуктори во вредност од 1 милион швајцарски франци во 2013 година за само една година да ја сотрете и да  нема ништо од сето тоа. Споменувате...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ: ЈП „Колекторски систем“ никако да профункционира

Post Views: 2 Новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ никако да профункционира со полн капацитет. Својата неспособност СДСМ ја докажаа со тоа што уште неотворено претпријатието го блокираа, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. „Општина Струга им ја блокира сметката за 2.500.000 милиони евра.  Пресудата е добиена по доставената тужба за парите со кои бил покриван претходниот долг од страна на општина Струга за двете општини. Со самиот делбен биланс овој долг го презема новото претпријатие.“ – кажа Божиновски. ВМРО...

Continue reading

Села: ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН, го блокираат образовниот процес во Струга

Post Views: 3 Коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН и оваа година исто како и минатата, се обидуваат да го блокираат образовниот процес во Струга, од причини кои им се познати само нив, обвини градоначалникот Зијадин Села. Општината подготвена е да го плати долгот за електрична енергија доколку ЕВН тоа им го овозможи  на рати, истакна градоначалникот. Тој нагласи дека минатата година како Локална самоуправа презеле одговорност да го платат долгот кој изнесувал 6 300 000 денари заклучно со месец ноември 2014, кој се исплатувал на рати како што тврди Села. Но во меѓувреме бидејќи...

Continue reading

Пецаков оди во втор круг со предност од 2000 гласови

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид, откако на вчерашните локални избори, кандидатот на партијата д-р Кирил Пецаков освои 14.380 гласови и со близу 2.000 гласа предност, оди во вториот круг. Противкандидатот и актуелен градоначалник д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 12.460 гласови, додека изненадувањето на овие избори, Гоце Цветковски од ТМРО освои 1.376 гласа. ВМРО-ДПМНЕ води и на листата на советници каде освоија 10.693 гласа, пред СДСМ со 8.731. Листата на ДУИ освои 2.349 гласа, додека Левица во своето прво појавување освои 1.628 гласа. Од независните листи...

Continue reading

Сестринските партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ветуваат и не реализираат, обвинија од ГДУ

Post Views: 1 На жителите на Лескоец 10 години ВМРО ДПМНЕ и  СДСМ им ветуваа стадион, едните како модерно другите како ултра модерно игралиште но од тоа нема ништо , само скршени стативи, кажа денеска на прес конференција Даниел Јорданоски од Граѓанско демократската Унија ГДУ. „Пред 3 години се појави еден млад директор од редовите на СДСМ, кој без да се штеди ги нападна претходниците и воедно најави конечна изградба на одамна ветениот стадион и подобрување на условите во спортот. Тој директор е Дарко Каевски, од Агенција за млади и спорт, кој меѓу другото од Лескоец најави и неколку...

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ: Антикорупциска да постапи за случајот со советникот Сашо Ставрески

Post Views: 0 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид денеска јавно побараа од Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапи по доставената,  од нивна страна, претставка за судир на интереси. Партискиот портпарол ја повика Комисијата навремено да реагира во однос на случајот со советникот Сашо Ставрески поради извршување на две функции истовремено. „Антикорупциската комисија треба веднаш да констатира состојба на судир на интереси кај советникот Ставрески бидејќи е член на Советот на општина Охрид и истовремено врши функција в.д. директор на ОУ „Григор Прличев“.Законот за спречување...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од Струга ја раскинаа коалицијата

Post Views: 1 Раскината коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. Причина несогласуваање со одлуката за доделување на парична помош во висина од 600 000 илјади денари за општина Куманово. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски појасна зошто се одлучиле да направат еден ваков гест. „После разгледувањето на проблемите кои ги имаа граѓаните на Куманово, после тие ветувања од Владата која требаше да им даде одредени финансии, слушнавме дека се дадени само хотелското сместување, гледаме и одговорно кажувам дека ние како граѓани и јас како претседател на Совет на...

Continue reading

ВМРО – Народна партија од Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за изградба на Музеј на Езерото

Post Views: 0 Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство низ флората и фауната поседува Охридското Езеро. Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top