Tag: билатералниот

blato

Студенчишкото Блато како природна заштита од поплави и други природни непогоди

На светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат, потсети на важноста на овој наш значаен еко-систем. Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни. Денес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето...

Continue reading

ohrid prespa

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа дел од семејството на Унеско

Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа  дел од семејството на Унеско. Прекуграничниот Биосферен Резерват Охрид-Преспа и официјално станa дел од семејството на Унеско. Во Корча, на пригодна свеченост, преставници на Националните Комисии на УНЕСКО, на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста, им го предадоа Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват како дел од УНЕСКО.  Со овој  свечен чин  регионот е еден од 14 -те прекугранични бисферни резервати  во светот ставени под заштита на Унеско. Пред присутните се обратија заменик премиерот...

Continue reading

biosferen rezervat

Инаугурација на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа во понеделник

Во Понеделник, 13ти октомври, во Корча, Република Албанија ќе се одржи Инаугурацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа. Номинацијата на Прекуграничниот биосферен резерват Охрид Преспа беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на состанокот одржан во Јонкепинг во Шведска, во јуни годинава, кога истиот беше прогласен за 14ти по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот. Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на...

Continue reading

predavanje ribi

Во ЕМУЦ учеа за важноста од заштитата на флората и фауната во Охридско Езеро

Од Билатералниот секретаријат за заштита на езерото, велат дека најдобро е младите што порано да се запознаат со значењето на заштитата на флората и фауната во Охридското Езеро. Околу 120 средношколци од електро-машинскиот училишен центар-„Свети Наум Охридски“ денес имаа можност да се запознаат со тајните на Охридското Езеро односно неговиот жив свет. Денешното предавање беше дел од проектот на Здружението „Јадрански слив“, „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро.“ „Денеска имаме гости од Секретаријатот за животна средина, подготвена е една трибина, предавање за флората и фауната...

Continue reading

Drim

Ден на реката Дрим

Денес во  канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, официјално ќе ја презентира заложбата за одбележување на  Ден на реката Дрим. Денес во  канцеларијата на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во Салата на СРЦ Атина Бојаџи Охрид, официјално ќе ја презентира заложбата за одбележување на  Ден на реката Дрим. Имено започнувајќи од оваа година Денот на реката Дрим ќе почне истовремено да се одбележува во 5- те  држави од Басенот на реката Дрим. {loadposition content9}

Continue reading

ohridsko ezero

22 март Светски ден на водите

Денеска светот го одбележува денот на водите. 22 март е светскиот ден на водите и секако како подрачје кое гравитира кон вода и зависи од вода, треба да ги има сите аспеки на заштита на водените ресурси  и сите аспекти на нивното правилно управување, вели Дејан Паносвки пеставник од Билатералниот секретаријат. „Она што за овој ден би сакал да го порачам е дека за да имаме заштитено езеро и заштитени водни ресурси ние мора да го тргнеме езерото настрана од дневната политика, мора да ги прилагодиме односите помеѓу дневната политика која мора да биде транспарентана, меѓу менаџерите кои треб ад...

Continue reading

Dejan Panoski

Билатеријалниот секретаријат има конкретни планови за 2013 год.

Билатералниот секретаријат за заштита на охридското езеро има детален план на активности за годинава. Три големи проекти кои што се однесуваат на интересите на Охрид и регионот ќе треба да се имплементираат во 2013 год. Претставникот на билатералниот секретаријат Дејан Пановски открива на што ќе се фокусира секретаријатот годинава. „На крајот од 2012 год. Завршивме три успешни проекти кои што претходно долг период ги водевме и за кои лобиравме. Едниот е прогласување на биосферен резерват Охрид – Преска кој што во следниов период ќе си земе замаф по изготвување на апликацијата, Вториот...

Continue reading

arijan meroli

УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспанскиот регион

Охридско – преспанскиот регион ќе биде прогласен за биосферен резерват УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион.  Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити. Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека...

Continue reading

Biljanini izvori

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Билјанини извори-споменик на природата и целосна заштита на Студенчишкото блато. Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме...

Continue reading

  • 1
  • 2


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad