Ознака: цветан

burgas

Бургас, 8 жртви, нападот дело на самоубиец

Post Views: 4 Нападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов. „Експлозијата ја предизвикал еден човек кој загинал во нападот и чијшто идентитет уште не е утврден“, рече Цветанов на аеродромот во Бургас. Тој кажа дека напаѓачот имал лажна возачка дозвола издадена во Мичиген во САД. Министерот рече дека во автобусот со израелски туристи загинале осум лица, шест Израелци, еден Бугарин и самиот напаѓач. Според извештаите, во автобусот имало...

Continue reading

Комеморација по повод смртта на Цветан Грозданов

Post Views: 0 Денес во општина Охрид се одржа комеморација по повод смртта на академикот Цветан Грозданов. На неа, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека со денешната комеморација, се оддолжуваме кон ликот и делото на Грозданов изразувајќи ја нашата искрена и огромна почит кон човекот кој животот му го посвети на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности. „Во ова време на тага, кога физички академикот Грозданов не е меѓу нас, неопходно е да собереме сила и со отворен ум и срце, да му ја оддадеме должната почит и да...

Continue reading

Почина академик Цветан Грозданов

Post Views: 0 Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик Цветан...

Continue reading

fakac na krst

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Post Views: 3 33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош. Мицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила. „Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно,...

Continue reading

водици

Дали ќе го зачуваме духовното или ќе надвладее материјалното

Post Views: 5 Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан повторно...

Continue reading

Grozdanov

Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување

Post Views: 1 Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин. Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Академик Цветан Грозданов ја отвори душата

Post Views: 5 Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија. Повеќе од задоволем сум што Лајонси се сетија на мене и со оваа награда ме почестија“, изјави академик Цветан Грозданов по примањето на наградата. „Овдека сретнав една генерација, нова генерација на млади охриѓани, интелегентни, пробивни, продорни, образовани кои ја знаат својата...

Continue reading

novogodishen koncert

Традиционалeн Новогодишен хуманитарен концерт во организација на Лајонс клуб – Охрид

Post Views: 1 Традиционален Новогодишен Хуманитарен Концерт во организација на Лајонс клуб од Охрид. Во духот на лајонизмот, охридските „витези на слепите“ со ваквите акции допринесуваат да им се подобри состојбата на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна.  Концертот кој се одржа синоќа е петти по ред во организација на Лајонс Клуб Охрид и со него охридските лајонси покажаа дека Охрид изобилува со млади таленти, но и граѓани кои се хумани. „Вечерва имавме прилика и чест да присуствуваме на хуманитарен концерт каде доминираше нашата иднина и нашата младост“ истакна гувернерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top