Ѕвездата на Манчестер Јунајтед како “црна овца”

Го разоткриле домашните медиуми

 |  инфодеск  | 

Како да не беше доволно тоа што го доживеаа петтиот пораз во квалификациите за Еуро2016, па Холанѓаните доживеаа уште една шлаканица.

Холандија загуби од Чешка и остана без пласман на Еуро2016, а по критиките на сметка на преплатените репрезентативци, холандските медиуми разоткрија уште еден срамен детал.

Мемфис Депај, крилниот играч на Манчестер Јунајтед, на натпреварот со Чешка настапил во погрешен дрес.

Новинарите на Telegraaf забележале дека Депај е единствен од холандските играчи кој носи дрес на кој под грбот биле знамињата на Холандија и Исланд.

Холанѓаните веднаш покренале истрага и засега останува нејасно како можело да се случи Депај да игра во дрес наменет за натпревар со Исланд, против кој Холанѓаните играа пред еден месец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top