Одбранбениот играч на бразилската репрезентација, Дани Алвес, ги повикал своите соиграчи да не допуштат на нив да влијаат големите очекувања од навивачите.
Во последниот контролен тест, пред почетокот на Светското првенство, многу потешко од очекувањата Бразил ја совлада Србија со 1-0, а Мундијалот ќе го отворат во четврток против Хрватска. Навивачите во тој меч против Србија не покажале многу разбирање спрема своите миленици. На полувремето кое завршило 0-0, ги испратија со свирежи.
“Не смееме да се потпреме само на навивачката поддршка. Навивачите размислуваат со срце, а не со глава, а ние мораме да ја користиме главата бидејќи на СП не чекаат тешки натпревари. Затоа мораме да останеме мирни и да не размислуваме со срцето бидејќи тоа е комплицирано”, порачал десниот бек на Барселона.
Селекторот Луис Фелипе Сколари беше фрустриран од недостатокот на креативност на неговиот тим, меѓутоа смета дека двобојот против Србија бил идеална припрема за СП.
“Беше тоа позитивен тест за нас бидејќи такви противници ќе имаме и на СП. Ќе се соочиме со играчи кои ги знаат своите позиции на теренот и кои ќе играат дефанзивно. Ќе мораме да бидеме стрпливи и да пронаоѓаме простор помеѓу нив. Ќе ни биде како со Србија, а можеби и полошо”, заклучил Алвес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град