Еве зошто Меси не игра како порано

Дали Барселона требаше да го продаде?

 |  инфодеск  | 

Барселона го гради тимот за наредната сезона и на НоуКамп дојдоа имиња како Луис Суарез, Жереми Метју, Иван Ракитиќ, Андре дер Стеген, Клаудио Браво, а наводно блиску до трансфер е извонредниот германски стопер Матс Хумелс, но сепак на крајот се ќе се врти околу Лионел Меси.

По неуспехот во претходната сезона, челниците на Барселона ја проветрија соблекувалната, а меѓу останатите пристигна и новиот тренер Луис Енрике, меѓутоа некои луѓе во Шпанија сметаат дека е направена голема грешка што не го продадоја Меси во ПСЖ.

Париските шеици понудија за Меси 200 милиони евра, а ако се земе во предвид дека Барса на Меси, на годишно ниво, му исплаќа бруто од 50 милиони евра, лесно е да се пресмета колку Барселона губи во финансиски смисол, што одлучи да го задржи својот најдобар играч. Со оглед на тоа дека игрите на Меси се неуверливи, Барселона веројатно никогаш повеќе нема да добие таква понуда, а големо е прашањето дали Меси некогаш ќе се приближи до истиот квалитет со изданијата кои ги пружаше во последните неколку години.

Имено, многумина се уверени дека падот на формата на Меси е тоа дека се оддалечи од својот ангел чувар, Хуан Брау, физиотерапевтот кој водеше грижа за неговата кондиција, мускулатура, исхрана и општото здравје.По заминувањето на Емилио Рикарт од местото главен физиотерапевт на Барселона и близок пријател на Пеп Гвардиола, Брау го завзеде неговото место и нема повеќе време за деноноќна грижа за Меси, кој дотогаш го водеше насекаде со себе, од годишни одмори до приватни спонзорски акции.

Меси негираше дека се работи за кавга, но факт е дека ни одблизу не се повеќе блиски и дека аргентинецот ни од далеку не е моќен како претходно. Меси се почесто има проблеми со повреди, несомнено изгуби на експлозивност, што е главна причина за голгетерскиот учинок и лошите игри во однос на претходните години.

Токму тоа е една од причините што новиот тренер на Барселона размислува, тоа јавно го кажа, дека Меси ќе го повлече према средината на теренот и така да ги искористи неговите асистентски способности и чувството за организација на играта, додека Суарез и Нејмар би требало да се класични напаѓачи. Заклучокот е дека во иднина Меси ќе биде повеќе човек за врска отколку напаѓач.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top