По отказот во Челзи, Мурињо моментално одмора, а англиските медиуми минатата недела пишуваа дека е меѓу најсериозните кандидати за наследник на Луј Ван Гал на кого му се заканува отказ во Манчестер Јунајтед.
Сепак се чини дека тоа е уште една во низата шпекулации.
“Сакам да ја водам англиската репрезентација”, му порачал Хозе Мурињо на својот менаџер Хорхе Мендес.
Мурињо се заситил со клупскиот фудбал и поакал да биде селектор на Англија. Mirror пишува дека тој е спремен да заврши Европското првенство во Франција бидејќи тогаш, без оглед каков резултат ќе отствари Англија, треба да се повлече 68 годишниот Рој Хоџсон.
Во прилог на тоа придонесува фактот дека Мурињо со сопругата и двете деца останува да живее во Лондон. Меѓудругото неговата ќерка студира во британската престолнина и Португалецот сака целата фамилија да биде заедно.
Со новите англиски таленти кои играат добро во Премиер лигата (Кејн, Баркли, Стерлинг…) Мурињо е уверен дека Гордиот Албион би можел да го доведе до голем резултат односно освојување на некое од идните натпреварувања на кои би ги водел Англичаните – СП во Русија 2018 година или Европското првенство во 2020 година.
Во секој случај ќе биде интересно да се следи развојот на ситуацијата, а Хоџсон само би ги зголемил шансите на Мурињо доколку доживее неуспех во групата со Велс, Словачка и Русија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град