• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Ждребка без никакви правила за четвртфиналето во Лигата на шампиони

Ждребка без никакви правила за четвртфиналето во Лигата на шампиони

Ждребката за четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи на 20 март во Нион во 12 часот

 |  инфодеск  | 

Местото во ждребката го осигураа актуелниот првак на Европа Реал Мадрид, европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Монако, Барселона и Јувентус.

За разлика од осминафиналето во кое ждребката беше полудиригирана (играа победници на групи со второпласирани во групите, а не можеа и да се состанат клубови од иста земја), во четвртфиналето се можни било кои парови па дури и Ел класико.

Интерсно е тоа што пет од овие осум клубови беа во четвртфиналето и минатата година (Реал, Атлетико, Барселона, Баерн и ПСЖ), а нови клубови се Монако, Порто и Јувентус.

Втор пат во последните три години меѓу осумте најдобри клубови нема ниту една англиска екипа, а последен пат Франција имала два претставника во четвртфиналето во 2010 година кога меѓу осумте најдобри беа Бордо и Лион.

Термините на четвртфиналните средби во Лигата на шампиони се на програмата на 14 и 15 април, а возвратните на 21 и 22 април.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top