Заврши првиот дел од Лигата на шампиони

Еве кои парови не можат да бидат извлечени

 |  инфодеск  | 

Извлекувањето на паровите од осминафиналето од Лигата на шампиони е на 15-ти декември во Нион.

Завршен е првиот дел од Лигата на шампиони. Од осум групи добивме 16 учесници во првата рунда од нокаут фазата. За многумина возбудувањата почнуваат токму сега бидејќи право на кикс нема никој.

Во осминафиналето ќе се сретнат победниците на групите со второпласираните состави. Клубови од иста земја, и клубови кои играле во иста група во првата фаза од натпреварувањето не можат да играат помеѓу себе во осминафиналето. Така на пример, на ждрепката во понеделник не можат да бидат извлечени Челзи со Манчестер Сити, Монако со ПСЖ, Јувентус со Атлетико Мадрид, Арсенал со Борусија Дортмунд, Баерн со Шалке и.т.н.

Победниците на групите ќе бидат домаќини во возвратните средби. Првите средби на осминафиналето се на 17 и 18, односно 25 и 26 февруари, додека возвратните средби се на 10 и 11 , односно 17 и 18 март.

Победници на групите се: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Челзи, Порто и Барселона.

Второпласирани во групите се: Јувентус, Базел, Баер Леверкузен, Арсенал, Шахтјор, Манчестер Сити, ПСЖ и Шалке 04.

Клубови кои се селат во Лигата на Европа: Олимпијакос, Ливерпул, Зенит, Андерлехт, Рома, Ајакс, Спортинг и Атлетик Билбао.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top