Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал за противник во финалето на мастерс турнирот во Мајами го има вториот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Новак ќе проба да ја освои својата четврта титула во Мајами во 20.30 чаот по средноевропско време. Нивниот дуел е јубилеен 40-ти на АТР турнирите, а шпанскиот ас води со 22-17.
Последните два меча Ѓоковиќ и Надал ги одиграа во Пекинг и Лондон, двата во финале и во нив славеше Србинот.
Интересно е тоа што и двајцата до финалето во Мајами стигнаа без борби во полуфиналето.Томас Бердих го предаде мечот со Надал поради стомачни проблеми, додека противникот на Ѓоковиќ Јапонецот Нишикори имаше проблеми со препоните.
Турнирот од Мастерс серијата на Флорида се игра за вкупен награден фонд од 5,64 милиони долари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град