„Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот на сезоната, кога се чинеше дека на клубот му цветаат рози. Тогаш со доаѓањето на најголемиот талент на планетата, Нејмар, во клубот завладеа апсолутна самодоверба. Управата вети дека ќе ги врати сите долгови на претходникот…Само шест месеци подоцна, колата тргна надолу“, се вели во авторскиот текст на шпанска Марка.
Како што се нагласува, каталонскиот клуб сега е потполно конфузен и над се неспособен да разбере кои се причините кои доведоа до кризата, а уште помалку начините кои би ја разрешиле кризата.
Според пишувањето на Марка, се почнало со скандалот околу договорот со Нејмар, а како што се испостави го чинела клубот 95 а не 57 милиони евра, како што претходно соопштиле од Барселона.
„Почна право цунами. Претседателот Росел беше неспособен да го реши проблемот. И покрај фактот дека клубот негира дека постоеле неправилности, сепак факт е дека е покрената истрага за затајување на данок. И покрај ова, Барселона платила 13 милиони евра за можно смалување на казната“, пишува Марка.
Поразот на Барселона од Ваљадолид предизвика реакции и во други спортски весници, каде пишуваат дека клубот се „предал во трката за титулата првак на Шпанија“, но во Марка тоа го нарекоа хаос.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град