Овој викенд Луис Хамилтон лови два рекорди на Аиртон Сена

Обид на Хамилтон во Сингапур да го достигне легендарниот Сена

 |  инфодеск  | 

Со евентуална нова победа во квалификациите и со нова најдобра стартна позиција, Луис Хамилтон би го изедначил рекордот на Аиртон Сена од сезоната 1988/89 кој осум пати во една сезона стартуваше од пол позицијата.

За да го достигне вториот рекорд на Сена, на Хамилтон му е потребна уште една победа на трката во недела. Хамилтон досега запиша 40 победи во 161 трка, како и Сена кој исто така ја достигна бројката од 41 победа. Исти број на победи има и Германецот Себастијан Фетел.

Пред нив по број на победи е Французинот Алан Прост кој има славено 51 пат и се разбира тешко достижниот Михаел Шумахер кој има најголем број на победи во кариерата, дури 91.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top