Van Gaal открива кој ќе брани против Аргентина

Влегувањето на резервниот голман однапред планирано

 |  инфодеск  | 

Селекторот на холандската репрезентација Louis van Gaal откри дека влегувањето на резервниот голман Tim Krul во последните секунди од продолженијата било однапред планирано.

Холандија во доцните часови вчера во Салвадор, со подобро изведување пенали ја победи Костарика, откако по 120 минути резултатот остана 0-0. Клучна се покажа одлуката на van Gaal, во последните моменти од продолженијата да го замени голманот Jasper Cillessen и да го внесе Krul, кој на крајот одбрани два пенала и да ги одведе Холанѓаните во полуфинале на Светското првенство во Бразил.

Замената на голмани воочи изведување на пенали не се гледa често, но Van Gaal потврди дека одлуката не е донесена во тој момент, туку била испланирана претходно.

“Му рековме на Krul дека постои можност да брани пенали. На Cillessen тоа не му го кажавме”, признава холандскиот селектор.

На прашањето дали постои шанса Krul да се најде на голот од првата минута во полуфиналето со Аргентина, Van Gaal одговорил:

“Воопшто не е прашање кој ќе брани во следниот натпревар, тоа ќе биде Cillessen. Но верувавме дека Krul е подобар избор за пеналите. Има подобар учинок кога се во прашање пенали. Разговаравме со него и се договоривме да ги проучи Костариканците во изведувањето на пенали против Грција. Видовте дека секој удар го прочита и се фрлаше на правата страна”.

Van Gaal се осврна и на другите играчи кои останаа прибрани и по погаѓањето на три стативи и пречка за време на основниот дел од натпреварот.

“Ова е најдобриот состав на играчи со кои некогаш сум работел, во смисол на духот на екипата и заедништвото. Им симнувам капа. Беше фрустирачко, а во фудбалот постои и закон кој вели дека кога ќе промашиш толку прилики, на крајот го губиш натпреварот. Но, видов одлучност кај играчите дека сакаат да одат понатаму”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top