Уругвај почна со освета поради Суарез

Еве што направи селекторот на Уругвај, Оскар Табарез

 |  инфодеск  | 

Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Оскар Табарез, одбил да одговара на прашањата на конфернецијата за новинари пред натпреварот со Колумбија.

Наместо одговори, тој го прочитал своето соопштение и ја напуштил салата.

На тој начин изразил протест против казната на својот напаѓач Луис Суарез кој во натпреварот против Италија го гризнал за рамо противничкиот играч Џорџо Кјелини. Трет пат во кариерата Суарез влече ваков потез, па ФИФА го казни со девет натпревари неиграње за репрезентацијата и четири месеци забрана за било какви фудбалски активности, што значи дека до октомври нема да може да игра и за Ливерпул или некој друг клуб доколку има трансфер. Меѓутоа, за Табарез казната била скандалозна.

“Станува збор за тешка казна предизвикана од медиумите кои почнале да напаѓаат веднаш по натпреварот против Италија. Новинарите зборуваат само за тоа, незнам од која држава доаѓаат но сите зборуваат англиски. Кој победува со ваква казна? Дали со тоа ќе се избегнуваат инциденти во иднина? Се сомневам дека тоа се случувало и претходно”, рекол Табарез во уводот на својот монолог.

“И на ова првенство видовме инциденти слични на овој, но казните се поинакви. Очекувавме казна, но не вака тешка, а изненадени сме што и Кјелини не е казнет. Покрај грешката на Суарез, тој направил и значаен допринос во фудбалот, а тоа е суштината на Светското првенство”.

Во заклучокот Табарез објавил дека во знак на протест ја напушта и функцијата која ја имал во ФИФА во која бил член на техничката истражувачка група која ги анализира натпреварите на репрезентациите. “ Мислам дека во овој момент не е мудро да бидам во организација со луѓе кои вршеа притисок да се одреди ваква казна за Суарез и кои имаат поинакви вредности од моите”, заклучил Табарез.

Претседателот на ФИФА Sep Blatтer одбил да ја коментира казната која му е изречена на Суарез.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top