Не поминаа ниту два месеци од појавата на информацијата која го стресе европскиот фудбал, а се чини дека УЕФА спрема компромисен договор.
Да потсетиме, англиските медиуми објавија дека во Лондон се случи таен состанок на најбогатите клубови на кој се расправало за основање на лига на богати, односно некаква “суперлига”.
Сега од островото пристигнуваат нови информации и тоа не од таблоиди туку од угледниот Guardian кој тврди дека УЕФА попушта под притисокот на сопствениците на најбогатите клубови во Европа. Со падот на Мишел Платини, кој воведе можност прваците на други земји полесно да изборат пласман до Лигата на шампиони, се отвора можност за големи промени.
Спрема истиот ивор, УЕФА разгледува драстично намалување на клубови на само 16 од постоечкиот систем од 32 во групната фаа. По плеј-офот, кој им овозможува на прваците од земјите со понизок коефициент да играат меѓусебно, а не против третопласираните од петте најсилни лиги, сега би се вовел уште еден круг на квалификации.
Секако, со ваков систем најлошо би поминале сиромашните клубови бидејќи клубовите од лигите со повисок коефициент не би можеле да се најдат заедно во таа рунда па така само сензација би можела да ги одведе средните клубови меѓу елитата. Овие 16 клуба би играле во две мини лиги односно 14 меѓусебни натпревари во две групи до нокаут фазата. Тоа всушност би претставувало суперлига токму онака како што посакуваат богатите клубови.
Guardian пишува дека нивниот извор од еден силен клуб од Премиер лигата тврди дека таа идеја пристигнала од еден еуро-великан од континентот, а не од островото. Наводно постои страв дека новиот договор за ТВ правата во Премиер лигата, вреден 6,5 милијарди евра, од премиер лигашите ќе направи мега екипи кои ќе ја “изметат” европската конкуренција.
На пример, следната сезона последната екипа во Премиер лигата од ТВ правата ќе заработи неверојатни 125 милиони евра. Толку добил првакот Челзи пред само една година. Првакот на крајот од сезоната ќе добие баснословни 190 милиони евра. Тоа никој во остатокот од Европа ни одблизу не ќе може да го следи, па затоа се сакаат повеќе спектакуларни противници што носат повеќе пари од влезници и ТВ права.
УЕФА оваа идеја нема да може да ја спроведе оваа година поради актуелните тригодишни договори, но тоа што може да уследи во 2017 нема да му се допадне никому освен на најбогатите.Тоа би бил компромис со тие кои сакаат затворена лига на најсилните, бидејќи вака се остава само привидна можност за останатите. Но, можеби ова е само чекор кон елитното друштво со осигурани влезници за најголемото фудбалско шоу.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град