Репрезентативецот на Хондурас, Арнолд Пералта (26) е смртно застрелан во градот Le Ceibi, пред трговскиот центар. Како што пренесува портпаролот на тамошната полиција “Пералта е застрелан од непознат напаѓач во моментите кога сакал да влезе во својот автомобил”.
Истрагата е во тек и засега нема информации кој е мотивот за ова убиство, како и за извршителот.
Пералта беше фудбалер на најславниот фудбалски клуб во Хондурас, Олимпија, во кој пристигна по раскинувањето на договорот со големиот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс. Пералта договорно ја раскина соработката со Ренџерси, а потоа не ја помина пробата во Шахтјор по што се врати во татковината.
Играше на позиција десно крило и за клубовите кои играше имаше постигнато четири гола, а за репрезентацијата запиша 26 настапи, меѓутоа ниту еднаш не бил стрелец.
Следниот четврток требаше да го запише 27 настап за Хондурас во пријателскиот натпревар со Куба, но тоа за жал нема да се случи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град