Три новини на Светското првенство во Бразил

За прв пат на Светското првенство во Бразил

 |  инфодеск  | 

ФИФА во Бразил по прв пат официјално ќе ја користи гол-технологија. Судијата ќе добие сигнал на часовникот кој ќе го известува дали топката ја поминала линијата. Новитети на ова Светско првенство се и спрејот, и минута одмор.

Голот на Франк Лампард против Германија, на Светското првенство во Јужна Африка, го видоа сите освен судијата. Тој поништен гол ја натера ФИФА сериозно да размислува за воведување на гол-технологијата.

Откако имаше тест период, ФИФА одлучи да ја воведе оваа технологија на Светското првенство во Бразил и на судиите да им биде олеснета работата. Тие ќе носат посебен часовник кој ќе биде поврзан со сензорите кои ќе се наоѓаат на головите. Кога топката ќе ја премине линијата, судиите ќе добијат сигнал и во истата секунда ќе можат да покажат на центар.

Тоа ќе овозможи играта да не се прекинува и ќе оневозможи такви грешки како во случајот со Лампард и голот против Германија во 2010 година. Ова ќе биде прв пат во историјата да се користи гол-технологија.

Но. Не е само гол-технолигијта новитет на ова Светско првенство. По прв пат во историјата ФИФА одобрила користење на спреј со кој ќе можат судиите да го обележуваат местото на слободен удар и местото каде треба да стои жив ѕид. Така не ќе биде можно повеќе да прават измами со местата на изведување слободен удар или стоење на живиот ѕид.

И третиот новитет во Бразил ќе биде тајм-аутот, односно минута одмор. Многу селектори и играчи барале од ФИФА да се применува ова правило со оглед на климата во Бразил. Судиите ќе имаат право два до три пати да го прекинуваат натпреварот за освежување на играчите.

За време на Мундијалот се очекуваат големи горештини, кои во комбинација со влагата ќе им прават големи проблеми на играчите. Најлошо ќе биде на северот и североистокот на Бразил, каде температурите ќе бидат до 35 степени со влага во воздухот од 80%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top