Ако оваа сезона немаше немаше неизвесности и напнатост во натпреварите во групи во Лигата на шампиони тогаш очекувајте тоа да се случува на почетокот на нокаут фазата. Многумина тоа ќе го кажат дека конечно тргнува натпреварувањето на најдобрите европски клубови, бидејќи останаа 16 најдобри да одлучуваат за новиот првак на Европа.
Утре се тргнува со два спектакуларни натпревари од осмина финалето. ПСЖ го дочекува Челзи на Паркот на принцовите, а ќе го видиме и Баерн на гостувањето во Л’вов кај Шахтјор. Во среда ќе ги гледаме Реал Мадрид кај Шалке и Порто на гостување во Базел, а следната недела Манчестер Сити против Барселона, Јувентус против Борусија Дортмунд, Арсенал-Монако и Баер против Атлетико.
На крајот од првата фаза на натпреварувањето како фаворит број еден се истакнуваше бранителот на насловот Реал Мадрид кои беа во фантастична форма која во меѓувреме малку опадна. На почетокот од оваа фаза во најсилна форма се чини дека е Барселона која веднаш на стартот има тешка задача кој се вика Манчестер Сити.
8-0 на Баерн Минхен против Хамбургер во Европа одекна како бомба, а тоа е воедно и најава за амбициите на Баварците во продолжението на Лигата на шампионите.
Челзи на Мурињо сигурно гази во домашното првенство, но секако и еднакво важно е да се помине пречката ПСЖ. Тој направи екипа против која никој не е преголем фаворит.
Слична е приказната и со минатогодишниот финалист Атлетико Мадрид. Диего Симеоне во два натпревари може да помине секого во Европа, што на своја кожа оваа сезона го почувствува Реал Мадрид кој не успеа да ги победи во шест натпревари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град