Тренирав само четворица од светска класа

Легендарниот Сер Алекс Фергусон во својата книга открива интересни ставови

 |  инфодеск  | 

Во својата нова книга, супер успешниот Шкотланѓанец, открива ставови за играчите кои ги водел во Манчестер Јунајтед.

Полни 26 години Сер Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер Јунајтед со кој во тоа време освои две титули во Лигата на шампиони и дури 13 наслови првак на Англија. Вкупно освои 38 трофеи и засекогаш се врежа во срцата на навивачите на Јунајтед.

Сер Алекс, кој во последната година е предавач на Харвард, во својата нова книга откри дека само четворица играчи, од оние кои ги тренирал на Олд Трафорд, ги смета за светска класа.

“Пол Сколс, Ерик Кантона, Кристиано Роналдо и Рајан Гигс. Тоа биле најдобрите играчи кои ја прават разликата. Кога го доведовме Кантона од Лидс, веднаш ја освоиме титулата. Гигс и Сколс се фантастични играчи и затоа толку време беа на сцената, а Роналдо е гениј”, напишал Фергусон.

Многу брзо по презентацијата се соочил со прашања на англиските новинари што е со Руни, Бекам, Кин, Тевез, Фердинанд и Шмајхел? Следел елегантен одговор…

“Сите тие се големи играчи, тоа не е спорно, но сите тие ги преценуваат своите можности.”

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top