Судот во шпанскиот град Gavi одлучил да го продолжи процесот против најдобриот фудбалер на светот Lionel Messi поради наводно затајување на данок.
Јавниот обвинител во јуни предложил да се отфрлат сите обвиненија против капитенот на аргентинската репрезентација бидејќи за финансиите се грижел неговиот татко Jorge.
Но, судот во Gavi во понеделникот пресудил дека постојат доволен број докази дека и Messi знаел за малверзациите и затајувањето на данок, и поради тоа постапката против него мора да продолжи.
Messi и неговиот татко минатата година беа обвинети дека ја оштетиле Шпанија за повеќе од 4 милиони евра во период од 2006 до 2009 година прикажувајќи лажни приходи. Иако во меѓувреме ги подмирил долгувањата, тоа не го ослободува од одговорност и така наскоро ќе се најде на обвинителна клупа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град