Видео: Тежок пад на Швајцарецот Симон Аман

Последната станица на Новогодишната турнеја ја одбележа падот на Аман

 |  инфодеск  | 

На четвртата станица од Новогодишната турнеја, “четири скокалници”, славеше Михаел Хејбек, а победата на Турнејата ја однесе Стефан Крафт, но триумфите на Австријанците останаа во втор план. Во втората серија од натпреварувањето во Бишопсхофен Симон Аман доживеа тежок пад – скокна фантастични 136 метри, но доскокот беше неспретно изведен и Швајцарецот директно со лицето удри во замрзнатиот снег.

Тој остана неподвижно да лежи, а крвав и без свест е превезен во болница во Шварцах, а состојбата му е стабилна, објавиле од неговата екипа: “Симон е при свест и може да ги движи сите екстремитети. Засега ќе остане во болница под надзор”, стои во соопштението на швајцарската репрезентација.

И на првото од четирите натпреварувања на Новогодишната турнеја, во Оберсдорф, Аман незгодно падна и се прости од вкупната победа, но последиците од тој пад беа далеку побезболни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top