Тешка несреќа на релито Дакар 2016

Кинескињата Guo Meiling излета од патеката и заврши во публиката

 |  инфодеск  | 

Веќе на почетокот на релито Дакар се случи тешка несреќа која ја направи кинеската возачка на ова рели Guo Meiling. Таа на прологот по 6,5 км излета од патеката во своето Mini X-Raid и притоа настрадаа десет гледачи. Тројца се во критична состојба, додека останатите се полесно повредени.

Учесниците на овогодинешното рели Дакар, кое се одржува во Аргентина, Боливија и Перу ќе поминат 9.000 км, а трката завршува на 16 јануари.

Воведниот пролог, долг 11 км, во конкуренција на автомобили му припадна на Холанѓанецот Bernhard Ten Brinke во Тојота, додека деветкратниот светски првак во рели Французинот Sebastien Loeb во Пежо беше десетти со 9 секунди заостанување.

Видео од излетувањето од патеката е на следниот линк.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top