Теорија на заговор

Жестоки критики кон судиската организација

 |  инфодеск  | 

По поразот на Реал од Барселона во Мадрид, Кристиано Роналдо жестоко го критикувал главниот судија Ундиано Маљенко.

„Направи премногу грешки за натпревар кој е на ова рамниште. Со лошите одлуки внесе нервоза кај играчите, требаше некој друг да суди, тој не е за вакви големи натпревари. Не сакам да се правдам, но…“, гневно изјавил Роналдо и продолжил уште пожестоко:

„Тешко е да се игра и да се бориш кога некои луѓе не дозволуваат да победиш. Долго сум овде, доволно за да разберам како на некои очигледно им пречи кога победуваме. Ни завидуваат, немаме еднаков третман, сакаа Барселона да остане во игра за титулата. Ете им, остана…“, гневно рекол Роналдо и продолжил со нападите.

„Можеби некој не сака да го освоиме првенството? Не знам, пет години сум во Шпанија, сфатив дека не е секогаш најважно какви партии пружате на теренот туку и надвор од него. Откако дојдов во Реал никогаш не сме имале помош од судиите. Секоја година истата приказна. Верувам дека ќе ја освоиме титулата, но се прашувам дали воопшто е важно како се игра на теренот?“, порачува луто ѕвездата на Реал.

Роналдо го прокоментирал и досудениот пенал над него.

„Можеби прекршокот над мене беше надвор од шеснаесет метри, но што е со пеналот на Ноукамп кој не беше досуден за нас, што е со пеналот над Нејмар?“, прашал Роналдо.

{loadposition content9}  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top