Во претходните десет години наводно 16 играчи од топ 50 ATP листата, меѓу кои се и Грен слем шампиони, се осомничени за местење натпревари, но ниту еден не е суспендиран.
BBC добил документи кои укажуваат на вложување илјадници фунти во обложувалници во Русија, северна Италија и Сицилија за местени тениски натпревари, меѓу кои се и три од Вимблдон.
Станува збор за мечеви од пред десетина години, вклучувајќи го и дуелот помеѓу Николај Давиденко и Мартин Аргуељо, кои се казнети за кршење на прописите.
Потоа следела опсежна истрага од страна на ATP кој наводно во 2008 година истражувал 28 тенисери за местење натпревари, но ништо не се докажало.
Челниците на ATP и WTA ги отфрлиле тврдењата дека криеле докази а местење на натпревари, а на ова се придружил и челникот на тенискиот сојуз на Австралија каде е во тек првиот Грен слем оваа сезона.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град