Тажна олимписка приказна

Сама објавила на Инстаграм

 |  инфодеск  | 

На неодамна завршените зимски олимписки игри во Сочи, руската акробатска скијачка Марија Комисарова (23), доживеа тешка несреќа и се парализирала од половина надолу.

Веста по пат на Инстаграм ја објавила самата Марија. “Не чувствувам ништо од половина надолу. Но јас сум силна! И знам дека еден ден повторно ќе застанам на свои нозе!”

Русинката на 15 февруари доживеа тежок пад при кој го скрши 12-тиот пршлен. Комисарова веднаш беше оперирана во блиската болница а потоа беше префрлена во специјалистичката клиника во Минхен, каде имала повеќекратни операции.

По враќањето во Русија ја посетил и претседателот Путин, кој и посакал брзо да се опорави и дека државата ќе ги покрие сите трошоци за нејзиното лечење.

Акробатското скијање е еден од најопасните олимписки спортови, каде во трките учествуваат по 4 скијачи и се натпреваруваат во брзина, минувајќи разни препреки и изведуваат акробатски скокови. Токму на еден ваков скок настрада и младата Русинка.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top