Светската пливачка легенда во агонија

Завршил на интензивна нега, би можел да остане без рака

 |  инфодеск  | 

Спрема наводите на австралиските медиуми, Јан Торп (31), добил инфекција по операција на рамото кој ја правел во Швајцарија.

Тој се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Сиднеј, и прима терапија со која докторите прават напори да ја елиминираат инфекцијата поради која би можел да остане без левата рака.

Во февруари беше објавено дека Торп се бори со депресија поради болки во левото рамо.

Своите најголеми успеси во кариерата Торп ги отствари на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, на кои освои три злата и две сребра, а вкупно во својата кариера има освоено 5 златни олимписки медали.

По повлекувањето во 2006 година, пред три години пробал да се врати во светскиот врв, но не успаел да се избори за место во австралиската репрезентација за настап на Олимписките игри во Лондон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top