Судењето заврши, Карабатиќ прогласен за виновен

Еден од најдобрите ракометари на светот е виновен за измама

 |  инфодеск  | 

Обвинителството за Никола Карабатиќ бараше условна затворска казна од три месеци и парична казна од 30.000 евра, но тој сепак е казнет само со 10.000 евра парична казна.

Причината е тоа дека бил вмешан во местење на натпреварот помеѓу Сесон и Монпеље, за кој играше во тој период. Монпеље во времето кога се играше овој натпревар веќе го осигура насловот првак на Франција, додека на Сесон му била потребна победа за опстанок во лигата.

Сесон го победи тој натпревар, а обложувачите на тој исход имале уплатено повеќе од 100.000 евра и така заработиле повеќе од 300.000 евра.

Карабатиќ и останатите обвинети ова го негирале, но поради сомнение за вмешаност во измамата Карабатиќ во 2013 година го напушти Монпеље, и последните две сезони ги помина во Барселона со која оваа година ја освои титулата шампион на Европа.

По завршувањето на судењето постои можност Никола Карабатиќ да се врати во Франција и следната сезона да ига со неговиот брат во ПСЖ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top