Видео: Стравична несреќа на Марк Вебер

Поранешниот возач на Ф1 имаше несреќа на патеката Интерлагос во Бразил

 |  инфодеск  | 

Во Бразилскиот Интерлагос се возеше трката од WEC првенството на FIA (Светско првенство во издржливост) кога Марк Вебер во Порше имаше контакт со Матео Кресони во Ферари. Стравично изгледаше несреќата на Марк Вебер, но за среќа нема тешки повреди.

Австралиецот при голема брзина удри во оградата по што автомобилот беше потполно уништен, а на крај и се запали. Вебер е изнесен на носила, но од тимот јавија дека е сѐ во ред со нивниот возач.

Тоа беше трката “6 часа Сао Паоло”, осма и последна во сезоната од која најпозната е онаа “24 часа Ле Ман”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top